• Latest

Македонија да ја искористи европската перспектива

September 7, 2018

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонија да ја искористи европската перспектива

September 7, 2018 16:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По денешната официјална посета на австрискиот канцелар, Себастијан Курц, во Македонија, тој за референдумот изјави дека тоа е одлука на секој поединец, но како пријател на Македонија и како активна земја членка на ЕУ, сметаат дека би било многу позитивно доколку има големо учество и позитивен исход на референдумот. 

На новинарско прашање каква е неговата порака до опозициската ВМРО-ДПМНЕ со која се сестрински партии во ЕПП, Курц рече дека е сосема иста како онаа што ја испратил до премиерот и до граѓаните – важно е Македонија и балканските држави да имаат европска перспектива и да ја искористат, а дел од тоа е и решавањето на прашањето за името.

Премиерот на Австрија, Себастијан Курц, денеска се сретна и со претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети.

Како што соопшти ДУИ, на средбата станало збор за предизвиците на Македонија и регионот, а австрискиот премиер ја истакнал големата поддршка од Австрија за евроатланската интеграција на Македонија и за потребата од понатамошни реформи.

За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлив договорот со Грција и со него дополнително државата се става во незавидна ситуација, а референдумското прашање се користи од власта за создавање на свесна забуна кај граѓаните.

Ваква порака му пренел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој е во посета на Македонија.

Владата на Република Македонија упатува извинување до Република Австрија за ненамерниот протоколарен пропуст при посетата на сојузниот канцелар, Себастијан Курц, во Република Македонија, со поставувањето на латвиското место австриското знаме пред зградата на Владата.

Државната изборна комисија (ДИК) денеска треба да го заклучи Избирачкиот список за референдумот закажан за 30 септември. 

Во 15:30 часот ДИК ќе одржи седница на која ќе го заклучи Избирачкиот список и на која ќе го соопшти бројот на гласачи кои ќе можат да се изјаснат на референдумот.

Пратениците ја почнуваат кампањата за референдумот закажан за 30 септември. Денеска се одржува последната седница пред одржување на референдумот, а активностите се очекува да започнат од понеделник.

Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Македонија има за цел Меморандумот за соработка потпишан денеска меѓу министерката за правда Рената Дескоска, претседателката на Центарот за правни истражувања и анализи Лидија Стојкова Зафировска и новоназначената амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј. Соработката ќе се реализира до крајот на март 2020 година.

Ангела Петровска

Tags: АвстријаАли АхметиЗоран Заевкампањаофицијална посетаРената ДескоскареферендумСебастијан КурцсудствоХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ