• Latest

12 октомври: Уставни измени, СЈО, униформи, ветувања…

October 12, 2018
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

12 октомври: Уставни измени, СЈО, униформи, ветувања…

October 12, 2018 16:05
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставни измени

Продолжението на Комисијата за уставни прашања за претресот на Предлогот за пристапување кон уставни измени почна во 14 часот. Предлогот за уставни измени го образложи премиерот Зоран Заев. Во дебатата по претресот учествуваа пратеници од сите пратенички групи, вклучувајќи ги и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа против дневниот ред.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред почетокот на продолжението на седницата на Комисијата за уставни прашања одржуваат координација со партиското раководство. Координацијата се одржува во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски денеска ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на пленарната седица во понеделник да ги поддржат уставните измени и заеднички да ја обезбедат европската иднина на граѓаните.

Траекторија

На денешното рочиште за случајот „Траекторија“ се читаше извештај од 31 мај 2017 година со дата-бази од СМС-пораки меѓу Миле Јанакиески и Зоран Ставрески. На судењето беа присутни сите обвинети и нивните бранители. во судот беа прочитани вкупно 103 пораки што биле разменети меѓу Јанакиески и Ставрески во периодот од 16 мај 2012 до 3 април 2013 година.

Во „Траекторија“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП „Државни патишта“, Љупчо Георгиевски. Според обвинението на СЈО, тие ги пречекориле овластувањата при изборот на компанија за изградбата на автопатските делници до Штип и Охрид.

Нови истраги на СЈО

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите отвори шест нови истраги. Во овие истраги станува збор за основано сомнение за предизвикана финансиска штета на Буџетот на Република Македонија во износ од речиси 80 милиони евра.

Титаник 3

Судењето за предметот на СЈО „Титаник 3“,  во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал“, денеска почна од почеток поради промена на судската порота.

Фалсификувани дипломи

Според Министерот за внатрешни работи на Р. М. Оливер Спасовски, во Министерството за внатрешни работи биле откриени 40 вработени кои имале фалсификувани факултетски дипломи. Овие лица, според Спасовски, стигнале и до значајна функција во МВР, но, по откривањето добиле отказни решенија и кривични пријави. Кривични пријави, биле поднесени и до факултетите кои ги издале тие дипломи.

Полициски униформи – има или нема?

Независниот синдикат на полицијата денеска повторно се пожали дека полициските службеници немаат добиено униформи.

Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла како неточни тврдењата изнесени на прес-конференцијата на претставниците на Независниот полициски синдикат околу наводното неспроведување на активностите за набавување на нова опрема за полициските службеници.

Гарантиран минимален приход

Македонија е прва земја во регионот што ќе воведе гарантиран минимален приход. Според министерот за финансии Драган Тевдовски, одржливиот раст може да се постигне само преку вложување во подобар живот за граѓаните, односно преку подобар систем на социјална заштита.

Фасади

По реакциите на јавноста за градежните потфати врз фасадата објектот на Градскиот Архив во Тетово, работењето е прекинато и објектот е ставен во процедура за заштитено културно наследство.

Општина Аеродром со вонредна седница

Општина Аеродром за денеска најави вонредна седница на Советот на Општината, со почеток во 16:30 часот. Седницата доаѓа по изјавата на градоначалникот Златко Марин, по протестите на жителите на Аеродром за спорниот ДУП И10.  На вонредната седница советниците ќе се обидат да најдат трајно решение за спречување на градбата пред Мајчин дом.

Во средата на прес конференција, Марин изјави дека 15 дена ќе се стопираат градежните активности и дека се надева на решение во интерес на граѓанките и граѓаните.

Супернова

Др. Тања Петрушева од Македонија е дел од тимот на астрофизичарите коишто  за прв пат најдоа доказ за експлозија на супернова која формирала неутронска ѕвезда која многу блиску орбитира до друга неутронска ѕвезда. Студијата била предводена од тим од Калифорнискиот институт за технологија.

Д. Тахири

Tags: АеродромВМРО-ДПМНЕДневникЗаевМВРСЈОСобраниеСпасовскисудењаТевдовскиТетовоуставни измениЦаровска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ