• Latest

Говор на омраза како оружје на радикалите

October 23, 2018

Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари – дел од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

August 5, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Трибините – огледало на политиката

August 5, 2025

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

August 5, 2025

Партијата на Додик ја отфрла пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, повикува на „влада на национално единство“

August 5, 2025
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
Фото: Фејсбук

Сиљановска-Давкова за натпреварот во Куманово: Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Говор на омраза како оружје на радикалите

October 23, 2018 12:18
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Борбата против говорот на омраза во Македонија на социјалните мрежи е битка во која досега Министерството за внатрешни работи потфрлуваше, а Основното јавно обвинителство воопшто не ја сметаше за простор во кој би интервенирало.

За оние што ќе решеа битката да ја водат до крај со желба за правда, судските процеси завршуваа неславно и без обесштетување за оние што биле мета на говорот на омразата.

Проблемот со говорот на омраза и неговото толкување или „оправдување“ се состои во недостигот на јасни разграничувања на овие два поими и поради непостоење на јасно дефинирана процедура на санкционирање и одговорност, особено кога станува збор за сајбер криминалот. Затоа, поединците и структурите што шират говор на омраза, користејќи ги слабостите на институциите и недореченостите во регулативата, непречено ја злоупотребуваа „слободата на говор“ како алатка за затскривање на политичко-општествениот дискурс на „дистрибутерите“ на омраза.

Едноставно, во недостиг на функционален правен систем, пријавите за говор на омраза ни оддалеку не се третираа како некоја особено важна тема. Сериозноста во реториката што се користи за да се поттикне омраза се состои во често шокантни закани, уцени и отворени притисоци.

Конечно, ОЈО одлучи!

Конечно, нешто почна да се случува и на оваа тема. Прва таква одлука од ОЈО пристигна за Тони Михајловски за закана по живот упатена до новинарот Бранко Тричковски. Тогаш Здружението на новинари на Македонија најави кривична пријава против Михајловски за коментарот: „Јас Бранко Тричковски можам да го убијам и да не ми трепне око. Прости ми боже“.

Веднаш потоа следуваше и обвинение против новинарот Миленко Неделковски за ширење расистички и ксенофобичен материјал, по пожарите кои летово ја зафатија Грција.

Следуваше пријава и за Г. Т од Скопје и А. Н. од Коњари, поради споделена објава на социјалната мрежа Фејсбук со која се шири говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија.

Ваквите одлуки за обвинение се донесени во рок од една недела и тоа во време кога во Собранието се кршеа копја околу предлогот на Владата за уставни промени, како дел од Договорот со Грција за спорот со името.

Дистрибутерот на говор на омраза – Миленко Неделковски

Позитивниот ефект на конечно функционирање на ОЈО, го засенува прашањето зошто за Неделковски се поведе постапка само за говорот на омраза и расизмот поврзан со пожарите во Грција, што сосема е заслужено, а не и за останатите изјави и коментари што секојдневно таргетираат јавни личности, граѓански активисти, новинари, цела група на граѓанки и граѓани чие определување не се совпаѓа со неговото.

За илустрација, Неделковски има обичај да ги оцрнува граѓанките и граѓаните со објавување на личните податоци, скенови од лични карти и други документи.

На пример, во не толку далечното минато, личните податоци на претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала придружени со говор на омраза, Неделковски ги објави на порталот „Дудинка“. По поднесување на Барање за утврдување на правото на заштита на лични податоци, Дирекцијата за заштита на личните податоци, утврди повреда на тоа право и беше забранета натамошна обработка на личните податоци на Дерала.

Но, тоа не го спречи Неделковски и понатаму да шири говор на омраза и да се заканува користејќи ги социјалните медиуми и својата веб страница. Тој повеќе пати, и покрај заканата, ги преобјави личните податоци на Дерала, кој се обиде правдата да ја побара и по судски пат. По долг судски процес, на Неделковски му беше изречена пресуда според која тој е виновен, но обесштетувањето што беше побарано, судијката го намали цели десет пати (до симболика), а судските трошоци мораше да се платат, како да изгубил Дерала, а не Неделковски.

Феноменот говор на омраза и патот кон насилниот екстремизам

Претставници на ЦИВИЛ – Центар за слобода беа на работна средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и националниот координатор за борба против насилниот екстремизам и тероризам, Борче Петровски во септември. Дискусијата, меѓу другото, беше насочена кон интензивирањето на говорот на омраза во Македонија, особено во предреферендумскиот период.

Претставниците на ЦИВИЛ укажаа на фактот дека токму ваквото поттикнување на говор на омраза води до многу посериозни проблеми на глобално ниво, насилниот екстремизам и тероризам. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР интензивно работи на разрешување на пријави на говор на омраза преку социјалните медиуми. Според информацијата од Министерот Спасовски на тој состанок, МВР поднело преку сто пријави за говор на омраза до ОЈО, но до тој момент (5 септември), ОЈО немаше покренато ниедна постапка.

„Гледаме дека дисеминацијата на говорот на омразата и повиците на насилство во поглед на претстојниот референдум се интензивирани и можат да придонесат кон понатамошни ескалации и опструкција на основното и фундаментално право на човекот, а тоа е правото на глас. Ние сметаме дека говорот на омраза и заканите против луѓето што сакаат слободно да се изразат на референдумот се сериозна опструкција на демократскиот процес, тоа е кривично дело и е неприфатливо“, изјави Дерала на заедничката прес конференција со министерот Спасовски.

Од средбата наваму ЦИВИЛ и МВР интензивно соработуваат кон креирање превентивни мерки за спречување на насилниот екстремизам и тероризам.

Говорот на омраза беше присутен и на денот на гласање на референдумското прашање, беше присутен додека траеше процесот во Собранието за одлучување по предлог уставните измени на Влада, сè уште трае, по изгласувањето на истите и ќе остане присутен по социјалните мрежи уште долго време како еден од современите потпалувачи на насилство што води до екстремни форми на радикализам и тероризам.

Оваа средба меѓу ЦИВИЛ и МВР се одржа на почетокот на септември, приближно во периодот кога започнаа и кампањите за референдумот. Од ЦИВИЛ се надеваат дека нивните апели и критики наишле на позитивен одзив и дека кривичното гонење на оние што шират говор на омраза нема да застане, туку во континуитет ќе се преземаат мерки за негово санкционирање.

Позитивизам наспроти негативните ефекти на омразата

„На говорот на омраза не треба да се врати со говор на омраза во ниту еден случај, а уште помалку со насилство. На повиците на насилство и говор на омраза треба да се одговори со позитивни пораки, разговор и со насмевка“, изјави тогаш Дерала.

Превентивни мерки, да, но уште побитно институционална контрола и санкционирање на секаков вид на говор на омраза како начин за спречување на разни форми на насилство.

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: говор на омразаМВРМиленко НеделковскиОЈОрадикализамТони МихајловскиЦивилЏабир Дерала
Share51Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ