• Latest

„Шпанска серија“ со имунитетот на Груевски, амнестија, одложени рочишта, загадување…

November 27, 2018

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Шпанска серија“ со имунитетот на Груевски, амнестија, одложени рочишта, загадување…

November 27, 2018 16:15
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Рочиштето за „Титаник 2“ денеска е одложено, затоа што по барањето на еден од обвинетите Мендух Тачи да оди на прослава на албанското знаме во Тирана (?!), од притворот во Шутка во Кривичниот суд, воопшто не ни бил спроведен обинетиот Сашо Мијалков. Покрај Мијалков и Тачи, во предметот „Титаник 2“ се обвинети и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Одложено беше и рочиштето за предметот за тројцата ексдиректори на „Македонски телеком“, на барање на Специјалното јавно обвинителство, поради обемноста на доказниот материјал. Ексдиректорите во „Македонски телеком“ Атила Сендреи, Ролф Плат, Золтан Кишјакус се обвинети пред седум години, за склучување на фиктивни договори за консултантски и маркетинг услуги со кои е оштетен Телеком за речиси четири милиони и буџетот на Македонија за два милиона евра. По подолго спротивставување на Јавното обвинителство, со аргументи дека не е поврзан со незаконското следење на комуникациите, предметот, сепак, му беше предаден на СЈО.

Судијката Ленка Давиткова го одложи рочиштето за 25 јануари следната година.

Собраниската комисија препорачува одземање на имунитетот на Груевски, попладнево пленарна седница

Комисијата за мандатни и имунитетни прашања со пет гласа „за“ и ниеден „против“ донесе одлука на Собранието да му препорача одземање на мандатот на Никола Груевски за шест судски предмети, во кои Судот Скопје 1, за него барано мерка притвор.

Претседателот на комисијата, Павле Богоевски побара да се изврши истрага за пропустите на системот: „Како пратеник, но и како човек, разочаран сум што нашиот систем не успеа да го обезбеди присуството на Груевски за издржување на затворската казна“. Покрај тоа, Богоевски реагираше и на апсурдот, на Груевски да му остане пратеничкиот мандат и пратеничката плата.

Собранискиот спикер, Талат Џафери, ја закажа за попладнево во 17 часот, пленарната седница на која пратениците ќе треба да се изјаснат за одземање на имунитетот на Груевски.

Јанчев со поддршка за Заев против опструкциите на Мицковски

Разрешениот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, на негово барање, во саботата се сретнал со премиерот Зоран Заев во некој струмички хотел.

„Ветивме помош против опструкциите од Христијан Мицкоски во делот на уставните амандмани, во интерес на државата. Тоа ќе биде транспарентен процес без задни намери за никого. Јас, како Митко Јанчев, очекувам што повеќе пратеници да се вклучат во процесот на уставни измени, сѐ со цел да се подобри Договорот од Преспа и да се зајакне идентитетот за доброто на сите граѓани на Република Македонија“, изјавил Јанчев за ТВ 24

По обвинувањата за загадување, „Усје“ ги отвора вратите за граѓаните

„Работењето на компанијата се следи од Државниот инспекторат за животна средина и оваа институција редовно врши контроли на компанијата… Операциите на Цементарница ‘Усје’ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината и тоа преку независен мониторинг. Опремата со која е врши мониторингот е на производителот SICK – Maihak од Германија, а одржувањето и калибрацијата на инструментите го врши надворешна компанија, која има авторизација од производителот и е акредитирана од Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ)“, се вели во соопштението на Цементарницата „Усје“ АД Скопје.

Оттаму велат и дека ја следат загриженоста на јавноста во врска со состојбите во градот Скопје и сметаат „дека сите треба да дадеме придонес во решението, особено во лоцирање на вистинските причинители, а податоците јасно укажуваат дека ‘Усје’ не е причина за ваквите состојби“.
„Усје“ ги повикува сите заинтересирани граѓани, организации и институции во петок на 30 ноември во 10.30 часот, да дојдат и да се запознаат со сите процеси во компанијата и да добијат одговори на сите прашања што сметаат дека се од нивен интерес.

Инспекторатот на град Скопје, по многубројните претставки и јавувања на граѓаните за работењето на АД Титан – Цементарница ‘Усје’, поднесе барање да биде извршен инспекциски надзор, согласно надлежностите на Државниот инспекторат за животна средина ДИЖС, бидејќи проблематиката е од јавен интерес, a се работи за инсталација што подлежи на издавање на А-интегрирана еколошка дозвола, надлежноста за инспекциски надзор е во ингеренции на ДИЖС.

Горјан Јовановски пак, на Фејсбук напиша дека само неделава апликацијата МојВоздух достигнала 100.000 преземања за Android & iOS, и 200.000 корисници на веб верзијата!

„Многу сум горд на оваа бројка, што значи дека првиот дел од задачата на МојВоздух е дека информациите за загаденост, стигнуваат до поширока публика! Но, тоа не е финалната цел на апликацијата, туку само почетокот! Со МојВоздух сакам да има притисок врз државните институции, коишто се задолжени со наши пари да работат на решавање на овој проблем. Но, ќе има и притисок врз самите нас како граѓани, коишто, сакале или не, ќе мора да почнеме да ги менуваме сопствените навики и да излегуваме од нашите комфорт зони доколку сакаме да го решиме овој проблем… Најсреќен ќе бидам кога ќе треба да ги исклучам серверите на МојВоздух бидејќи воздухот е исчистен и нема потреба веќе од таа апликација. Но, дотогаш, борбата продолжува“, напиша Јовановски.

Паника: Бугарија ја затвара Агенцијата за Бугари во странство

По скандалот со незаконско издавање на бугарски државјанства на странци. премиерот на Бугарија, Бојко Борисов најави дека бугарската Влада планира да ја затвори Државната агенција за Бугарите во странство: „Тука се МВР, Министерството за правда и Претседателството. Тоа се трите институции, што ќе се произнесат по ова прашање“.

Обвинителството на Бугарија минатиот месец започна истрага против службеници во Агенцијата за корупција и злоупотреби при издавањето на бугарски државјанства на странци, беа приведени претседателот на Агенцијата и 19 службеници, но обвиненија се покренати против само четири лица.

Според бугарските медиуми пред Агенцијата за Бугарите во странство имало редица на странци, меѓу кои и голем број македонски државјани кои се жалеле дека не можат да поднесат барања за државјанство поради скандалот во Агенцијата и истрагата за корупција во неа.

Барање до Заев: Амнестија за сите во „Идризово“

Откако преимерот Зоран Заев не ја отфрли можноста за амнестија, осудените лица кои ја издржуваат казната во затворот „Идризово“, му порачаа дека ако ги помилува луѓето кои се обидоа да убијат претставници на граѓаните во парлементот, ќе треба да ги помилува и сите нив.
„Сигурни сме дека и Вие самите ја знаете состојбата на затворите во земјата. Сведоци сте на тоа како следеа ‘казните со препорака’ од претходната власт. Поради овие и поради други причини, се надеваме дека ќе ги прифатите нашите барања“, му пишуваат на Заев, според ТВ 21, осудените лица од „Идризово“

Тие бараат целосна амнестија, формирање на посебна канцеларија во која сите тие на кои им е направена неправда со обвинението и изречената казна, да можат да побараат разгледување на предметот, на обвинението или на казните. Осудените лица тврдат и дека барања се поддржани од нивните – над 500 семејства – и од осудените лица и од другите затвори во Македонија

СДСМ: Нема амнестија за насилството на 27 април

„Не смее и не може да има амнестија за оние коишто планирале, нарачале и извршиле насилство на 27-ми април во Собранието на Република Македонија. Тоа е недозволиво!“, смета владеачката партија.

„Антинародното ВМРО-ДПМНЕ бараше да бидат ослободени од одговороност сите насилници за насилствата во Собранието на 27 април, за мрачните настани против демократијата и против граѓаните. Тоа е истата матрица на Никола Груевски, преку неговиот пион Христијан Мицкоски, ставена во функција на одбрана на криминалните политики на режимот кои на Македонија и донесоа само лошо, поделби, уназадување, насилство, загрозување на човековите права, уривање на демократијата и удар врз слободата“, смета СДСМ.

К. С.

Tags: „Усје“амнестијаБугаријаВМРО-ДПМНЕзагадувањеЗаевИдризовоЈанчевМицковскирочиштаСДСМ
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ