• Latest

Ќе ја ослободат ли медиумската сфера кадровските решенија во МТВ и во ад хок телото?

August 6, 2016
Креирано со помош на ВИ

Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

April 14, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

April 14, 2026

Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

April 14, 2026
Петер Маѓар (ФБ)

Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

April 13, 2026
Џелал Хоџиќ

Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

April 13, 2026
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

April 13, 2026
Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

„Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

April 13, 2026

Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

April 12, 2026

Орбан падна. Кој е следен?

April 12, 2026

(ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

April 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

    🔴 ОРБАН ПАДНА: КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

    95 наспроти 11: Драматичен пресврт во Унгарија – ТИСА доминира во изборните единици

    Први резултати од пребројувањето во Унгарија: ТИСА води, но трката останува неизвесна

    Рекордна излезност и поделени прогнози – неизвесна трка во Унгарија

    Затворени гласачките места во Унгарија: Почнува пребројувањето во неизвесна и историска изборна трка

    Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Орбан падна. Кој е следен?

    ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

    Фото; Скриншот од АП видео

    Политика, бизнис и ПР: Што стои зад посетата на Трамп Помладиот во Бања Лука

    Џелал Хоџиќ

    Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

    Ромите не се проблем – проблем е системот што дискриминира

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Крајот на „среќната глобализација“

    Кога никој не е виновен: Распрсната одговорност и ризиците во екосистемот на вештачката интелигенција

    Долгогодишно пријателство: Орбан и Путин (RIA Novosti / CC-BY-SA 3.0)

    ИЗРАЕЛСКИТЕ ЧУВАРИ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (2): Најновиот непријател беше избран во 2024 – Украина

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home Uncategorized

Ќе ја ослободат ли медиумската сфера кадровските решенија во МТВ и во ад хок телото?

August 6, 2016 11:27
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Во очекување на јавноста на новите кадровски решенија за главен уредник на МТВ и за членови на ад хок телото, како дел од реформите согласно со пржинскиот договор, еснафски организации, граѓански здруженија и искусни професионалци и експерти, гледаат со недоверба кон оваа времена политичка солуција во медиумската сфера

Здружението на новинари на Македонија не присуствуваше на консултативните средби во СДСМ во четвртокот, туку остана категорично на ставот, дека договорот на партиите за медиумите е обична политичка фарса и не обезбедува реформи. Според ЗНМ, во овој договор нема одржливи решенија, со кои ќе се ослободат медиумите од контрола на партиите. Напротив, договорот уште повеќе ќе го партизира медиумскиот систем.

„Агенцијата за медиуми и Македонската радио телевизија остануваат под контрола на владејачките партии. Ново е што можност да врши притисок врз овие институции добива и опозицијата. Место независно и професионално регулаторно тело и МРТ, сто дена пред избори ќе имаме институции, растргнати меѓу партиските интереси и влијанија“, сметаат од ЗНМ.

Според ова еснафско здружение апсурдно е и решението за МРТ, зашто, како што сметаат, партискиот уредник на власта, ќе се замени со партиски послушник од опозицијата. Со тоа, уште повеќе ќе се засили партискиот притисок врз МРТ, која место сервис на граѓаните, ќе биде заложник на партиските интереси.

10928989_707104132741392_4410217739010241663_n

Од Советот за етика во медиумите, потврдија дека учествувале на неформалната средба на покана на раководството на СДСМ. Оттаму порачуваат дека сите ставови на Советот, во поглед на медиумската нужност и на приоритетите се врамени во „блупринт документот“, и ако некој и сака добро на државата, треба и по тој ред  да се остваруваат реформите и демократизацијата на општеството.

„Тоа е онаа стандардна, позната приказна дека мора нешто да се смени и да се проветри  во медиумскиот простор, дека мора да се покаже еден поинаков пристап и мора да има реформи во медиумите. Тука сме сите согласни. Но, нашиот став како медиумска заедница е дека партиите не може да го прават тоа. Политика е едно, а партиска пропаганда – друго. Има кодекси, стандарди, но реално, политиката во оваа држава и поимањето на слободата во медиумите е нешто сосем друго“, вели Драган Антоновски, претседател на Советот за етика во медиумите.

Советот како што вели тој, и натаму ќе ги следи медиумите, ќе постапува по претставките, упатувани од граѓаните, организациите и  професионалците и нема да оди надвор од својата мисија, почитување на професионалните и етичките стандарди во работата на медиумите.

„Во однос на решенијата или кандидатите, кои ќе се согласат за овие позиции, моето лично мислење е дека, им е потребна поддршка, зашто, принципиелно никаде во светот – партија не предлага уредник, ама и никаде во светот партиска книшка не е поважна од магистратура и докторат, или успех во школувањето. Така што, тој пакет на криење зад стандарди кои во оваа држава одамна се згазени е показател за комоција или за страв и бегање од одговорност. Прашањето е дали сакаме да почнеме да ги менуваме  работите, или само ќе констатираме што е во и вон стандардите, и ќе стоиме настрана, чекајќи некој друг за нас, тоа да го сработи, а ние потоа ќе му наоѓаме маани“, оценува Антоновски.

13579829_1277308738963973_688484275_o

Тој смета дека мора да ја надминеме позицијата на самоконстатирање на проблемите, броење на стандардите и конечно да се види што може да се направи, за да почне процесот на менување, вреднување и прогрес.

Според информациите, на средбата и претставниците на СДСМ се согласиле дека ова не се воопшто реформи, туку дека е направено толку – колку што се дозволило од сите четири партии и од олеснувачите од САД и ЕУ. СДСМ ветил пред медиумските работници на консултативната средба дека по изборите, за 5 месеци ќе ги направи, изгласа и спроведе медиумските реформи предложени од еснафот во „блупринтот“.

И од Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ) потврдуваат дека и по оваа средба, остануваат на ставот за суштински реформи во медиумската сфера и дека не сметаат оти временото решение што го договорија партиите има потенцијал  сериозно да ги помести работите.

„Свесни сме дека станува збор за решение замислено и договорено меѓу партиите. Ставот на ССНМ е дека партиите  треба да ја носат и одговорноста и последиците, односно ефектите од неговото спроведување. Од СДСМ беше кажано дека последниот Договор од Пржино, вклучува и обврска за исполнување на забелешките на Прибе, во рок од 6 месеци по изборите“, вели Тамара Чаусидис за ЦИВИЛ Медиа.

Таа предвидува дека ова решение за медиумите, во старт може да го следат и многу опструкции.

dsc_0899-470x246

„На пример, ад хок телото составено од партиски назначени луѓе може да се сведе на преговарање и надгласување за етички стандарди, што е сосема неприфатливо и контрапродуктивно. Позицијата на главниот уредник е, исто така, многу ограничена, така што навистина овие замисли повеќе навестуваат проблеми, отколку решенија. Но, повторувам, ова е резултат на партиски компромис и доколку има позитивни или негативни поместувања, заслугата и одговорноста е на оние што го потпишаа“, потенцира Чаусидис.

Експертите од МИМ и Високата школа за новинарство се децидни дека само понудените решенија и мерки во „блупринтот“ се излез за ситуацијата во медиумската сфера во Македонија. Овие понудени преодни решенија на париите, нема да овозможат процес на објективно и професионално информирање на јавноста.

„Ад хок телото не е решение за медиумската ситуација пред избори и не може да го реши проблемот на партизираната Агенција за медиуми. Во ‘блупринт’, Програмата за итни демократски реформи, во поглавјето за медиуми, предлагаме минимум мерки пред избори, за да се ослободи јавната сфера од политичките влијанија. Без департизација на Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиуми и без департизација на органите на јавниот сервис, без целосна забрана на државното рекламирање, како мал дел мерки, не може да се постигнат очекуваните и посакувани, неопходни промени во медиумската сфера во државата, која што во моментов е под контрола на власта“, оценува професор д-р Снежана Трпевска, експерт на МИМ и на Високата новинарска школа.

dogovor

Но, без оглед на ставовите на еснафските организации, граѓанските здруженија и на експертската јавност, сепак, до 19 август, четирите партии врз основа на предлозите од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе ги изберат четворицата членови на ад хок телото, водејќи сметка притоа, еден член да биде од албанска националност. Откако ќе се постигне согласност, на нивен предлог, директорот на Агенцијата за аудиовизуелни медиуми, ќе го именува петтиот член, претседателот на таа Привремена комисија, која има обврска да ја мониторира медиумската сфера.

Наскоро, СДСМ ќе го избере кандидатот за позицијата, главен уредник во МТВ која што очигледно е многу атрактивна и во оваа ситуација, зашто на конкурсот се јавиле и биле предложени не дваесетина, туку вкупно, 38 кандидати.

Сепак, одговорноста од успехот на реформите во медиумите во предизборниот период, се адресира на партиите-потписнички на Договорот. Но, тоа ни малку не ги амнестира од одговорност ниту главните имплементатори на медиумските реформи, главниот уредник и членовите на ад хок телото. Тие ќе ја понесат најголемата одговорност да го вратат новинарството на европските стандарди, со што ќе ја пласираат објективната вистина за општествено-политичката и економска реалност во Македонија, која една деценија е заробена од провладините медиумски куќи.

Моника Талеска

Tags: ад хок телоДоговорот од ПржиноЗНММедиумиМИММТВСДСМСовет за етикаССНМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Политика, бизнис и ПР: Што стои зад посетата на Трамп Помладиот во Бања Лука

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ