„Демократијата и човековите права не се постигнуваат еднаш, засекогаш. Во даден момент секојдневно треба да ги имплементираме тие политики за да имаме резултати. Во спротивно контекстот може да се наруши. За жал, и во нашата земја имаме и партиски и политички кругови кои сè уште инсистираат на етнонационалистички, на ксенофобични политики и тие центри го вложуваат амбиентот без разлика на тоа колку владини политики постојат“, изјави Роберт Алаѓозовски, националниот координатор за мултикултурализам, на конференцијата на ЦИВИЛ „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ .Алаѓозовски нагласи дека владините политики се најпрвин сите институции на државата да ги подобруваат своите капацитети и подобро да ги штитат и унапредуваат правата на заедниците.
„Особено се битни интеркултурните концепции што се дел од новата концепција во Министерството за образование. Во таа смисла постојано Бирото за развој на образованието ги ревидира учебниците од аспект на разнордановсите стереотипи. Секогаш се промовира интеркултурниот дијалог“, истакна Алаѓозовски.
Алаѓозовски додаде дека едно од клучните решенија за излез од сегрегација во училиштата е да се почитува Резолуцијата од Советот на министри од 2022 година бр.10, за унапредување на повеќе нивоа.
„Го поздравувам присуството на градоначалниците. Ќе мора многу работи да направиме заедно како централна и локална власт токму за елиминирање на сегрегацијата и да направиме платформи за социјална кохезија и да ги разбиеме тие јазови во кои нашето општество и покрја борјните резултати сè уште живее поделено. Тоа го прави лесен плен на етнонационалистичките политики кои што се присутни“, изјави Алаѓозовски.
Б. Ј.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети