• Latest

Албански медиуми: Србите во Северна Митровица протестираат за динарот; про-воени графити на северот на Косово; Албанците највеќе му веруваат на СПАК

February 12, 2024
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Србите во Северна Митровица протестираат за динарот; про-воени графити на северот на Косово; Албанците највеќе му веруваат на СПАК

February 12, 2024 11:23
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните од српско етничко потекло заедно со Српска Листа денеска на пладне ќе протестираат против регулативата на Централната банка на Косово за прекин на оптекот на динарот во земјата.

На северот на Косово се појавија графити „Кад се војска на Косово врати“, како пред нападот во Бањска, за што реагираат косовските политички аналитичари.

КОСОВО

РТВ 21: Српската листа заедно со српските граѓани протестираат  поради регулативата на ЦБК

Српската листа ги повика сите граѓани од оваа заедница, денеска на пладне  да протестираат во Северна Митровица.

Организацијата се противи на одлуката на Централната банка на Косово да ја забрани употребата на валутата динарот како платежно средство.

„Српска листа“  ги поддржува протестите во Северна Митровица, предупредија од здружението на пензионери, а воедно ги повикуваме сите граѓани од Косово да учествуваат на овој демократски протест против одлуката на режимот во понеделник на 12 февруари од 12:00 часот во Приштина до стоп за динарот и плаќањата“, се вели во соопштението на Српска листа, пренесе РТВ21.

Албеу – Експертот алармира за про-воените графити во Косово: Такви се појавија и пред нападот во Бањска, Западот спие

Денеска во четирите северни општини на Косово, на ѕидовите се забележани испишани графити со заканувачки пораки: „Кога војската ќе се врати на Косово… Северната бригада е жива“.

Безбедносниот експерт Агим Муслиу на социјалните мрежи реагираше на нереагирањето на меѓународните институции и на последиците од игнорирањето на ваквите пораки.

Тој напиша: „Вчера, заканата до премиерот на Косово, која откако беше разоткриена, наводно беше доведена во прашање дали е вистина од Србија, Северна Македонија и дел од Албанците. Денеска графити: „Северната бригада е жива“ и „Кога војската ќе се врати на Косово“, како пред 24 септември, агресијата во Бањска, пренесе Албеу.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб- Безбедносни експерти: Борбата против дрогата во училиштата во Албанија не бара само полициска интервенција

Во Албанија, полицијата неодамна во големи операции ги погоди мрежите за дистрибуција на дрога во училиштата.

Според експертите, апсењата на неколку стотици луѓе покажуваат дека голема употреба на дрога се случува не само во главниот град, туку и во малите градови низ земјата. Безбедносните експерти ја ценат полициската операција, но велат дека комплексен третман на оваа појава е потребен и од другите институции, особено јавното здравство, пренесе Балкан Веб.

Газета Тема – Барометар: СПАК, најдоверлива институција во Албанија

Граѓаните во Албанија покажаа зголемена доверба во Специјалното обвинителство на СПАК.

Последнава е рангирана како прва албанска институција на која граѓаните имаат доверба.

Според истражувањето на барометарот на Еуроњуз Албанија, само странските дипломатски штабови го надминуваат СПАК за кредибилитет во земјата, додека сите други институции, вклучително и верските, претседателот, Владата, локалната власт, полицијата или медиумите, се оставени. позади..

Поточно, бројките покажуваат дека во февруари 2024 година, 33,6% веруваат во СПАК, со значително зголемување од ноември 2022 година, кој изнесува 12,2 и ноември 2023 година, со 26,16%, пренесе Газета Тема.

КОЛУМНА

Сури: Блинкен ќе седи на ослободено столче

„Доколку реши да се сретне со претставниците на ДЕА кои се стационирани во Тирана, од каде бараат албанските граѓани да го осудат криминалот и поврзаноста со политиката, сигурно ќе му кажат дека столчето каде што ќе седне Рама за време на средбата со него е оставено празно столче.

Пред него во таа фотелја седеа Саимир Тахири, со кого планираше канабизација на Албанија, како и претставници на мексиканскиот нарко картел Синалоа. Таму седеа  Ерион Велиај и претставници на италијанската мафија кои им ги перат парите во Тирана.“, пишува авторот Чим Пека во колумната „Блинкен ќе седи на ослободено столче“, објавена во Сури.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ