На 22 јануари Украина го одбележува Денот на Соборноста, официјално утврден со Указ на Претседателот на Украина од 21 јануари 1999 година, еден од клучните датуми во современата украинска историја, бидејќи го симболизира процесот на украинското државотворење и стремежот на Украинците кон обединување во рамките на единствена независна држава.
По тој повод украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на социјалната мрежа Х објави дека денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идната победа на Украина.
Денот на Соборноста е потсетник дека нашата сила е во единството. Актот на Злука од 1919 година стана симбол на заедничката волја на Украинците. Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на нашата издржливост, отпор и идната победа на Украина🇺🇦 pic.twitter.com/6NPmssKUMG
— Larysa Dir (@dir_larysa) January 22, 2026
Денот на Соборноста е потсетник дека нашата сила е во единството. Актот на Злука од 1919 година стана симбол на заедничката волја на Украинците. Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на нашата издржливост, отпор и идната победа на Украина, напиша амбасадорката Дир на Х.
Д. Мишев
ПРОШИТАЈТЕ И:
Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност















































