Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на социјалната мрежа Х, на 1378 ден од руската војна во Украина објави дека овој пат рф го нападна Одескиот регион, оставајќи ги луѓето без струја и покрив над главата во пресрет на зимата.
День 1378. Додека Украина и меѓународните партнери бараат дипломатски начини за постигнување праведен и траен мир, рф продолжува да удира по мирните градови — овојпат во Одескиот регион, оставајќи ги луѓето без струја и покрив над главата во пресрет на зимата. pic.twitter.com/jCf6OHtW5Q
— Larysa Dir (@dir_larysa) December 2, 2025
Ден 1378. Додека Украина и меѓународните партнери бараат дипломатски начини за постигнување праведен и траен мир, рф продолжува да удира по мирните градови — овојпат во Одескиот регион, оставајќи ги луѓето без струја и покрив над главата во пресрет на зимата, пишува амбасадорката Дир.
М. Д,












