Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на социјалните мрежи на 1354 ден од руската војна во Украина објави за континуираните руски ракетни и дронски напади врз украинските градови и грќевитата борба на спасувачите со времето, да спасат што повеже животи од под урнатините.
Ден 1354. Продолжуваат спасувачките операции поради ноќните ракетни и дронски удари на рф врз Украина. Меѓу повредените има деца. рф сè уште располага со ресурси за убивање — потребна е имплементација на санкции за да ѝ се одземе на рф можноста да ја продолжи војната, објави амбасадорката Дир на Х.
День 1354. Продолжуваат спасувачките операции поради ноќните ракетни и дронски удари на рф врз 🇺🇦. Меѓу повредените има деца. рф сè уште располага со ресурси за убивање — потребна е имплементација на санкции за да ѝ се одземе на рф можноста да ја продолжи војната.#StopRussia pic.twitter.com/GSQpNqWWgA
— Larysa Dir (@dir_larysa) November 8, 2025
Во текот на ноќта на 8 ноември Русија започна уште еден широк напад врз украинските градови, користејќи комбинација од беспилотни летала и ракети за да напаѓа цели низ целата земја.
Групите за мониторинг објавија дека Русија лансирала хиперсонични ракети „Кинжал“, како и крстосувачки и балистички ракети во различни региони на земјата.
Градовите Кременчук, Кијив, Днипро, Харкив и Чернигив биле главна цел на руските напади, а нападите биле насочени и кон заедниците во областите Днипропетровск, Харкив и Полтава. Експлозии се слушнале и во градот Суми, како и во Одеса.
Д. Мишев












