Стојанче Англеов од Достоинство, беше еден од лидерите на политичките партии во Македонија, кој се обрати на јавната дискусија „Плурализмот и политичката криза“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода. На јавната дискусија присуствуваа над 50 претставници на организациите на граѓанското општество, медиуми, граѓански иницијативи и дипломатските претставништва и мониторинг мисии во Република Македонија.
[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=pObSpDpgMqs[/youtube]
Ангелов категоричен дека избори на 5-ти јуни се недозволиви. “Избори на 5-ти јуни не треба да има, не смее да има, нема да дозволиме да има. Датумот не смее да се определува однапред, но не смее да се одолговлекува до недоглед. 6 до 12 месеци се доволни да се подготват општи избори – локални, парламентарни и претседателски за идната пролет”. Ангелов, се обрати до Зоран Заев, како што го нарече, “неформалниот лидер на опозицијата”, со препорака да притисне за барањето Македонија да биде една изборна единица.
Настанот се одржа во рамките на проектите „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија и „Напред!“ – проект за изборен мониторинг, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.