• Latest

Јас сум слободен, макар и да ми ги забраните сите дестинации во светот

December 21, 2017

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Јас сум слободен, макар и да ми ги забраните сите дестинации во светот

December 21, 2017 13:29
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Поздрав дечки, до вас што редовно ме читате а не сте ми пријатели.

Знам дека деновиве ви е многу тешко и многу сте зафатени со рапортирање на моите ФБ постови и приватни конверзации, па ве болат прстите од типкање и ушите од слушање, можеби и ме пцуете зад тоа уредите зашто сте се шинале од работа, ама кој ве …, не сум ви јас крив што сте одбрале таква професија. Јас ете сум одбрал да сум слободен, да не рапортирам никому, да го кажам тоа што го сакам и што го мислам секому, макар не и било по волја вам и на тие на кои сте им ги шитнале газињата, макар и да ми ги забраните сите дестинации во светот. Моите постови се јавни, па самите нека си се мачат да си го набават тоа што им треба, нека копираат, преведуваат, не мачете се вие, иако верувам дека ви е тешко да излезете од тој сервилен службенички менталитет. Ве разбирам, но секако, не одобрувам.

Пишува: Јасмин Реџепи

Единствено што се надевам е дека премиерот Заев и неговиот министер за внатрешни Спасовски еден ден навистина ќе завладеат со институциите, а не само со канцелариите, па ќе започнат реформа и кај вас, да ве извадат од полувековната удбашка рамка запечатена со груевистички печат, дека ќе научите повеќе да ги почитувате своите граѓани, оние кои во странство ја преставуваат државава во позитивно светло, оние кои го повикуваат светот кон добро а го одвраќаат од зло, дека ќе научите да ги почитувате човековите права и на граѓаните и на оние кои бараат заштита во оваа држава, дека ќе смогнете храброст за вистинските прашања ќе се обраќате до вистинските луѓе и дека нема да соработувате со странските колеги за да им наштетите на угледот и на слободата на движење на своите граѓани. Заборавате, често, опиени од моќта на власта, дека токму вашето име „служби“ доаѓа од служење на граѓаните и на слободата, а не на идеологиите, партиите, политичарите и странските колеги. Слободата на говор и на движење не смее да биде предмет на ваша работа и опструкција, се додека се во рамките на не повикување на омраза и насилство.

Што се однесува до граѓаните кои ќе сакаат веднаш да искоментираат дека не дошол животот во Македонија, им порачувам дека сум трпелив, дека реформите не одат така лесно, дека за 1 година не се поправа штета правена половина век, а посебно таа направена во последните 11 години. Но сепак треба некој од некаде да почне, секој министер од своето место, да се види дека почнало, дека се работи, па секој со својот капацитет ќе го покаже резултатот до крајот на мандатот.

А до тогаш, како и до сега, нашиот глас ќе биде светлото на светилникот за да укажеме на крајните линии за да не се насука повторно бродот на кој сме сите, а слепилото е почесто сопствен избор отколку вроден хендикеп.

Tags: границиЗоран ЗаевинституцииОливер Спасовскиприслушувањереформитајна полицијаУДБА
Share49TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ