• Latest
Американскиот претседател Џо Бајден на прес конференција на НАТО, 11 јули 2024 (фото извор: скриншот од видео снимка на АП)

Бајден: Договорот за прекин на огнот во Газа е поблиску од кога било

August 17, 2024

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО ГАЗА

Бајден: Договорот за прекин на огнот во Газа е поблиску од кога било

August 17, 2024 12:44
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО ГАЗА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Американскиот претседател Џо Бајден на прес конференција на НАТО, 11 јули 2024 (фото извор: скриншот од видео снимка на АП)

Американскиот претседател Џо Бајден на прес конференција на НАТО, 11 јули 2024 (фото извор: скриншот од видео снимка на АП)

Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е „оптимист“ дека може да се постигне договор за прекин на огнот во Газа.

„Ние сме поблиску отколку што некогаш бевме“, рече американскиот претседател по последната рунда разговори, додавајќи дека го испраќа својот државен секретар во Израел за да продолжи со „интензивните напори за склучување на овој договор“, пренесува Би-би-си.

Поради загриженоста дека Иран може да изврши напад врз Израел за убиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран, Бајден нагласи дека „никој во регионот не треба да преземе активности за да го поткопа овој процес“.

Хамас изрази скептицизам за шансите за договор. И без да ја спомене можноста за прекин на огнот, Израел рече дека „ги цени напорите на САД и посредниците да го одвратат Хамас од неговото одбивање на договор за ослободување заложници“.

Од почетокот на кампањата на  израелската војска во Газа за уништување на Хамас како одговор на нападот без преседан врз јужен Израел на 7 октомври, при што беа убиени околу 1.200 луѓе, а 251 беа земени како заложници, досега во Газа се убиени повеќе од 40.000 луѓе, според Министерството за здравство на територијата што го води Хамас.

Договорот за прекин на огнот договорен во ноември му овозможи на Хамас да ослободи 105 заложници во замена за еднонеделен прекин на огнот и ослободување на околу 240 палестински затвореници во израелските затвори. Израел соопшти дека 111 заложници се уште се држат, од кои 39 се претпоставува дека се мртви.

Во неодамнешното заедничко соопштение, САД, Катар и Египет изјавија дека претставиле предлог за договор за прекин на огнот и ослободување заложници што ги „намалува јазот“ меѓу Израел и Хамас.

Израел рече дека каков било договор за прекин на огнот ќе бара ослободување на преостанатите заложници однесени во Газа од милитантите за време на нападот врз Израел на 7 октомври. Некои од 251 заложник веќе се ослободени, додека други се смета дека загинале во Газа.

Роднините на заложниците кои сè уште се во Газа ги нарекуваат тековните преговори како „последна шанса“ некои од нив да се извлечат живи. По 10 месеци војна и илјадници жртви, постои огромен притисок за пробив.

Поширок регионален конфликт, во случај разговорите меѓу Израел и Хамас целосно да пропаднат, е посебна можност и е нешто од што сите инволвирани се плашат.

Посредниците рекоа дека изминатите два дена дискусии за прекин на огнот биле „сериозни, конструктивни и водени во позитивна атмосфера“.

Се очекува техничките тимови да продолжат да работат во текот на следните денови на деталите за тоа како да се спроведат предложените услови пред високите владини претставници повторно да се сретнат во Каиро, со надеж дека ќе постигнат договор за условите утврдени во Доха.

И покрај тоа што изјавата на медијаторите е јасно позитивен развој на настаните, има уште долг пат пред да се постигне договор за прекин на огнот.

Подготви: Д. Мишев

Tags: ГазаИзраелПреговориХамасЏо Бајден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ