Петте пратеници од Беса ќе гласаат за разрешување на Републичкиот јавен обвинител, Мирко Зврлевски. Тие на прес-конференција во Собранието денеска, ги образложнија причините зошто се одлучија својот глас да го дадат за разрешување на Зврлевски, за кого се води жестока дебата во законодавниот дом.
„Марко Зврлевски е разрешен со формирањето на Специјалното јавно обвинителство, зад кое што застанаа сите политички партии. Со тоа, е констатирана одговорноста на Зврлевски“, рече пратеникот, Фадил Зендели. Тој имаше забелешка на образложението на Владата за разрешувањето на Зврлевски, зашто во законските пропусти што ги направил обвинителот, не биле споменати случаите, што ги интересираат Албанците.