Во текот на минатата недела, на 10 и 13 октомрви ЦИВИЛ – Центар за слобода објави два важни документи. Прво, го објави Извештајот од долгорочното набљудување во видео, електронски и печатен формат, на 10 октомври. Извештајот е прелиминарен, како што велат во организацијата, а за да се добие целосна слика за изборниот процес треба да се следи медиумската платформа на ЦИВИЛ на која се објавуваат голем број содржини, практично на секој час, па и почесто.
Покрај презентацијата на Извештајот на 10 октомври, ЦИВИЛ излезе со пораки до јавноста, партиите и институциите на прес конференција и вчера, на 13 октомври. Од организаацијата апелираат до јавноста, партиите и институциите да обрнат внимание на овие документи.
Во извештајот се опфаќаат повеќе области, почнувајќи од ДИК и Избирачкиот список, до екстремно насилство и случаи на злоупотреба на деца во политичка кампања. По повод извештајот, но и за други аспекти на работата на организацијата, Џабир Дерала изјави: „Ние говориме јасно и гласно за изборите. Секогаш сме го правеле тоа. Не калкулираме и никогаш не се плашиме да ги соопштиме фактите, ниту, пак, некого сакаме да поштедиме. Нашите анализи се јасни и директни, а не обезличени на тој начин што секој може да ги толкува како сака.“