коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА
Фантастични „аргументи“ изнесе одбраната на Трајко Велјаноски, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, обвинети за организирање и поттикнување на крвавиот напад врз Собранието на 27 април 2017 година, кога животот ќе го изгубеа членови на парламентот, политички лидери, новинари и други што се најдоа на патот на напаѓачите.
„Уставниот поредок на државата на 27 април не бил загрозен“ – вели одбраната и оди уште подалеку: „Импулсивната реакција на пратеникот Зекирија Ибрахими, како што наведе адвокатот Миланов, е последниот камен од мозаикот, односно мирните протести ќе продолжеле и на 27 април, исто како и на 21 и 26 ако не била неговата реакција.“
Значи, да не ја испеел Зекирија Ибрахими албанската химна во Собранието, протестите на 27 април ќе продолжеле мирно. Неверојатно! Просто непотребно да се коментира.
Логиката е отприлика како да кажете, ако жртвата не излезеше на улица таа ноќ, Џек Мевосек немаше да ја нападне.