• Latest

Дали патот кон банкротот на Северна Македонија треба да се поплочи со етничка и религиска дестабилизација?

May 4, 2025

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Демократијата не молчи ниту под сирените

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Дали патот кон банкротот на Северна Македонија треба да се поплочи со етничка и религиска дестабилизација?

May 4, 2025 11:54
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ

1. Навидум „од ведро небо“ и без реакции кај Македонците пројде веста за укинувањето од Уставниот суд на владината согласност за основање на „Медресата Иса Беј“, исламското верско средно училиште формирано од ИВЗ.

Имено, покрај комплицирањето на статусот на учениците во Медресата, логично е прашањето дали на ист начин е загрозен и статусот на средното богословско училиште, бидејќи негов основач е МПЦ-ОА, со одлука на Третиот црковно-народен собор од Охрид, 1967.

Секуларноста на државата и правото на слобода на вероисповедта, како и еднаквоста на верските заедници е суштинска за мултиетничката и мултиконфесионалната унитарна Северна Македонија.

А тоа право на вероисповед (вклучително на верски обреди и проповеди) е поврзано со постоењето едуциран клер формиран низ средно и високо-образовни институции.

Постоењето на таквиот едуциран клер, без оглед на религијата, значи вероисповед согласно праксата и традицијата на христијанството, исламот… практикувани со векови на овие простори. Односно спречување на толкувања и радикализми кои доаѓаат со „увезени“ кадри, било да станува збор од Блискиот Исток или од докавказка Европа.

Впрочем и македонскиот и албанскиот етнос не се религиски унисони и во различен процент се составени и од христијани и од муслимани. Исто како што не сите христијани во овие народи се православни, туку и римокатолици и протестанти.

2. Идејата вака посредно МПЦ-ОА и официјално да стане дел од партискиот договор на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ направен со олигархијата од скопска „Автокоманда“, за позициите на Системските македонци одново да бидат општествено, политички и економски валоризирани на подрачјето на „Република Македонска“ – е крајно погрешна.

И како и секогаш – ќе ни се „удри од глава“ на нас, Македонците. Додека Системските ќе си ги бројат парите на сметките во Дубаи, Кајманите, Белизе.

МПЦ-ОА врамена во простор и нарација што ѝ се доделени со т.н. „Томос“ од СПЦ за целна дистанца од Вселенската Патријаршија станува само продолжение на РПЦ, преку СПЦ. Особено по средбата на Порфириј со рускиот архиепископ Кирил и Путин, по која СПЦ се понуди да биде балканска екстензија на РПЦ, односно „српскиот“ стана (духовен) дел од „рускиот свет“. А веќе нема дилеми дека српскиот свет сака во себе да ги гледа и Република Српска и Косово и Црна Гора и Северна Македонија.

Одлуката на Уставниот суд е во континуитет со проблематизирањето на Законот за употребата на јазиците и со одлучување со мнозинство по етничка, а сега и по религиска основа. Прекинот на редовното напредување на немакедонските кадри во Генералштабот на АРСМ, проблематизираната етничка претставеност во извршната власт… формира единствена целина која го враќа духот на пост-газиместанска СРМ, а дерогирањето на стекнатите права нѐ враќа на „дебатите“ за етничкиот наспроти националниот, односно граѓанскиот концепт на устав.

Имајќи предвид дека овој дух децениски е негуван преку скопскиот Правен Факултет и контролираните медиуми и до и по 1991, неговите кадри и денес се одговорни за урнатите институции претседателот на Републиката, Уставниот суд и судството, како и Министерството за правда и самата Влада.

3. Интересно е како ова требаше да ги собере сите проблеми во една точка во даден момент за да ги спречи ЕУ-интеграциите на Северна Македонија во интерес на Србија (и Русија), а до сега – само ги изолира ВМРО-ДПМНЕ (и неговите изведувачи во СДСМ).

Обидот надворешно-политичкиот застој на евроинтеграциите да се префрли во одговорност кон Бугарија не успеа откако Софија остана на позицијата Скопје да ги исполни обврските што ги има преземено со преговарачката рамка со сопствена одлука.

Операцијата „гаранции“ дека нема ново вето пропадна со овонеделната посета на Кошта на Софија, со која јасно ни се исцртува дека до 2030 сме полноправни членки на ЕУ, доколку ги исполнуваме обврските од рамката и стандардите.

Владеење на правото и борба против корупцијата, на пример, кои значат и расчистување со олигархијата и нивните партии во судството, но и откривање, запленување на нелегалните пари – и санкционирање на нивните сопственици. Но и банките преку кои се движеле.

Затоа што, на пример, банкарски систем низ кој се движат нечисти пари за малигни влијанија е составен дел од невладеење на правото и корупција.

Но и фискална дисциплина, како и финансиска одржливост на државниот и јавните буџети.

А во финансиска одржливост на државата не спаѓа бесконечно задолжување, кое, очигледно се употребува за сервисирање на гломазниот партиски апарат и тендераштво под покровителство на Владата.

Ако не сте согласни со ова, одговорете си само дали и каде ги гледате парите од „унгарските кредити“ – и зошто не?

Разните невладини грантисти останати без фондови и опинионистите на олигархијата, затоа, ќе ја бранат нарацијата на власта и нејзините соработници во македонската парламентарна опозиција.

Затоа што со Преговарачката рамка единствено нема гаранции дека во преговорите со ЕУ Северна Македонија може да продолжи како и до сега – со глумење реформи.

Власта може само да си мисли дека во Брисел, Париз или Софија ѝ минуваат прикаските што си ги кажува во Берово, Прилеп или Струга.

Затоа никој не им одговара на „закачките“ на Мицкоски и неговата влада.

И затоа сега им избиваат проблемите – не можејќи одново да го насочат јавниот наратив „контра Бугарите и Грците“, мора да пробаат до него да дојдат индиректно – стартувајќи со нова тура нарација „контра Албанците“.


Извор: FRONTLINE. Текстот е личен став на Авоторот.
Tags: ЕУМПЦРусијаСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ