• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: ОЈО контра ДКСК; не е важно што кажуваат Радев и Ескобар, туку што ќе сработиме тука; на црната листа на САД има 9 политичари од Западен Балкан

July 20, 2023

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: ОЈО контра ДКСК; не е важно што кажуваат Радев и Ескобар, туку што ќе сработиме тука; на црната листа на САД има 9 политичари од Западен Балкан

July 20, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ЈО: Беспредметна и непотребна е иницијативата на ДКСК во врска со конфискацијата на имотот во предметот „Труст“

Јавното обвинителство ја оценува како целосно беспредметна и непотребна иницијативата на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со конфискацијата на имотот во предметот „Труст“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Не сум разговарала ниту со Ескобар по неговото излагање, ниту со Радев, но не е важно да се фокусираме толку на тоа што тие го кажуваат, тука на тоа што е направено тука, бидејќи на крајот на денот, ако луѓето тука се посветени на ЕУ не е важно што велат Габриел или Радев, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер, одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Амбасадата на САД во Скопје.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Русија изложува милиони луѓе ширум светот на ризик од глад и зголемување на цените на храната со тоа што одбива да го продолжи своето учество во Црноморската иницијатива за жито, објави украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир на Твитер.

*

Жозеп Борел пред состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел нагласи дека целното гранатирање на пристанишната инфраструктура во Одеса од страна на Русија, кое трае трета ноќ по ред, како и намерното уништување на резервите на жито наменето за извоз од страна на Русија, се варварски чинови кои ќе доведат до голема криза со храна во светот.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЦРНА ЛИСТА САД подготвуваат црна листа со дури 19 имиња на политичари од Западен Балкан меѓу нив се разбира ќе бидат и луѓе од Северна Македонија

КАМЧЕВ НА ЦРНА ЛИСТА Американското Министерство за финансии го означи Јордан „Орце“ Камчев на црната листа на САД поради коруптивни и криминални дела, а сега останува на надлежните органи и институции во земјата што ќе преземат понатаму.

ДОНОР МЗ информира дека за првпат во историјата на македонското здравство, утрово од еден донор беа експлантирани четири органи во еден акт.

ТОПЛОТЕН БРАН Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов во врска со топлотниот бран што ја има зафатено земјава упати апел до градоначалниците да бидат во висина на нивните надлежности и при појава на пожар да дадат се од себе

ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ На 55 проценти од факултетите нема студенти со попреченост или факултетите не водат статистика за бројот на студенти со попреченост.

ЗАБРАНА ЗА ГРАДЕЊЕ Советот на Општина Центар на 26-та Седница донесе одлука за определување на дозволеност на градба исклучиво во границите определени со планскиот опфат на Генералниот Урбанистички план на Град Скопје 2012 – 2022.

ДЕМОНСТРАЦИИ БАГДАД Амбасадата на Шведска во Багдад беше запалена пред зори во четвртокот за време на демонстрациите, што наиде на остар укор од министерот за надворешни работи на земјата.

ЗАПАДЕН БАЛКАН Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување официјално го извести вицепремиерот за европски прашања и Национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ за трите проекти кои беа одобрени на 30 јуни 2023 година на состанокот на Оперативниот борд на Инвестициската рамка за Западен Балкан.

АЛ-ПРЕС

Европската комисија одлучи привремено да ги стопира надоместоците за албанската влада за финансирање на земјоделски проекти кои се реализираат во рамките на ИПАРД II, по завршувањето на средбите во Брисел, главниот преговарач на Косово во дијалогот со Србија, Бесник Бислими изјави дека посредникот на овој процес Мирослав Лајчак одлучил во овој момент да нема тројна средба јавуваат косовските медиуми. Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

Џон Кери, претставникот на САД за климата, отпатува во Пекинг со надеж дека ќе ги убеди тамошните власти да почнат да ги намалуваат емисиите на јаглерод во Кина на побрз временски рок. Но, по тридневни разговори, Кери се врати без никакви нови договори.

АНАЛИЗИ

Додека навидум сменетата власт сѐ уште си ги чува своите „придобивки“ по широк опус на оценки од минатото, новата очевидно е збунета од потребата да биде поинаква во тие вреднувања. Впрочем, затоа и се соочуваме со фактот: постои иницијатива, а дури и одлука статуата на Ќосето да се врати пред зградите на судските институции, додека секое споменување на името на книжевниот бард Јаневски предизвикува некој вид на бојкот, по било кој повод, анализира Љубомир Костовски во „Лустрацијата и по неа: Зошто Славко Јаневски нема улица?“

*

Другата опција е „Фронтот за Европа“ да се натпреварува на избори без СДСМ за да се зачува „интересот“, како што велат партиски извори, на оваа партија наспроти екстремната десница, кај македонското гласачко тело, а во неа да се вклучат ДУИ, Алијанса, ЛДП, НСДП.., и граѓанскиот сектор., пишува Дестан Јонузи во анализата „Поделбите во политички блок на Албанците одат на штета на граѓаните и на евроинтеграциите!“

СЛОБОДНА ЗОНА

Оние кои не можеш да ги „преебеш“ велат дека сѐ уште сакам да им се додворувам на СДСМ, што само ги потврдува моите дамнешни сомнежи дека во земјата Македонија сѐ се врти (во зависност од вкусот) околу еден тањир грав и експресен лонец преполн со сарми. Така Мицкоски ја разбира политиката. Заеби возвишени идеи, заеби племенит македонски патриотизам и слични трици и шлајшупки. Потплати овде, потплати онде, шушни вамо, дај грав тамо, и така се прави држава, пишува Ненад Јовановиќ во колумната „Идејно смачкани и финансиски шокирани“

Д. Мишев

Tags: АЛ-ПРЕСанализиВестиВојна во Украинаизјавиколумни
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ