• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Почна седницата за уставни измени; ВМРО – ДПМНЕ ќе го запре патот на Северна Македонија кон ЕУ; Одбележан Денот на Армијата

August 18, 2023

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Почна седницата за уставни измени; ВМРО – ДПМНЕ ќе го запре патот на Северна Македонија кон ЕУ; Одбележан Денот на Армијата

August 18, 2023 17:00
in Uncategorized, ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Почна седницата за уставни измени, утврден дневниот ред

Собранието со 70 гласа „за“,  47 „против“ и без „воздржан“ глас го усвои дневниот ред на 123-тата седница која има само една точка – Предлог за пристапување кон измена на Уставот со кој се предвидува вметнување на Бугарите и на уште пет етнички заедници во преамбулата на Уставот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Доколку ВМРО-ДПМНЕ не сака да биде на страната на европеизацијата на РСМ, одговорноста е на партијата, но за жал, тоа ќе го запре патот на Северна Македонија кон ЕУ, за време кое нема да биде многу кратко, категоричен е бугарскиот европратеник Илхан Ќучук во интервју за „БНР“ пред денешната расправа во македонското Собрание за уставните измени.

ФЛЕШ ВЕСТИ

УСТАВНИ ИЗМЕНИ Предлогот за дополнување на Уставот има само единствена релација и мотив – влез во Европската Унија, тоа што го бараат граѓаните, а уставните измени кои се пред нас не загрозуваат ни едно македонско идентитетско прашање.

ДЕН НА АРМИЈАТА  Највисоко признание за припадниците на Армијата не се ордените и медалите, туку довребата која во нив ја имаат македонските граѓани. Армијата е чувар на сè она што го држи македонското општество заедно, беше порачано денеска по повод 18 Август – Денот на Армијата.

ПРОШИРУВАЊЕ НА УСТАВОТ Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со недавање на зелено светло за проширување на уставот односно надополнување на Уставот, всушност ја покажува својата слабост на недостаток на сопствена стратешка идеологија.

ИНТЕГРАЦИИ Освен Северна Македонија и Софија мора да покаже големина во спорот со Скопје, изјавил поранешниот амбасадор на Европската Унија (ЕУ) во Северна Македонија, Ерван Фуере, за порталот indeks.mk говорејќи за процесот на уставни измени во државата и за спорот меѓу Скопје и Софија.

РЕГИОН Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис в понеделник ќе биде домаќин на неформална вечера за лидерите на Западен Балкан и на земјите- членки на ЕУ од регионот, а на која ќе присуствува и претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски

ИРАН Иранските безбедносни сили уапсија девет истакнати активистки за правата на жените во различни градови во северната провинција Гилан додека властите ја продолжуваат акцијата пред првата годишнина од смртта на Махса Амини која почина додека беше во полициски притвор за наводно кршење на законот за шамија во земјата

МИГРАНТИ Се верува дека повеќе од 60 мигранти загинале откако брод со кој ги превезувале од Сенегал се превртел во Атлантскиот Океан кај Зеленортските Острови. Шпански рибар го пронашол чамецот како плови на околу 150 милји северно од Сал, еден од островите што го сочинуваат Зеленортските Острови.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Руската пропаганда создаде лажна приказна на Инстаграм за „журка со оган“ во ноќен клуб во Кијив.
Медиумите финансирани од Кремљ и Z-телеграм каналите шират информации дека едно место за забава во Кијив наводно организирало шоу наречено „Огнена Махачкала“.

*

Експлозија била пријавена во близина на Експоцентарот во руската престолнина Москва, додека градот бил забележан напад со дрон во текот на ноќта во петокот.

*

САД одобрија испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина од Данска и Холандија веднаш штом ќе заврши обуката за пилоти

*

 СтратКом ЗСУ на својот официјалниот YouTube канал објави документарен филм во кој преку сведоштва на преживеаните  жители на Буча за животот под руска окупација и злосторствата кои ги извршија руските окупатори ги разобличува лажните наративи на Кремљ.

 

МУЛТИКУЛТУРА

„Дефинирањето на мултикултурализмот не секогаш го дава точниот одговор  како во една заедница/држава со мноштво културни и етнички идентитети, различни и посебни, можат да се обединат и да коегзистираат меѓусебно не губејќи ги карактеристиките што ги прават различни едни од други, а истовремено поврзувајќи се преку заеднички именител, пишува Биљана Јордановска во „Перцепции за мултикултурализмот во Северна Македонија на патот кон ЕУ“.

*

Одразот на мултикултурализмот во Северна Македонија може да се види во изјавата на претседателот Стево Пендаровски, дадена на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ:

СЛОБОДНА ЗОНА

Воспалени или вжештени глави толерираат до извесни граници. Кога главите ќе претераат, кремељските „бољари“ заради ладење ги потопуваат во Северниот леден океан. И од тамо повеќе не ги вадат. Така се работи во Третиот Рим, пишува Ненад Јовановиќ во „ Изладете ги главите, измиете се со ладна вода, стиснете „муда од Лабуда“ и прифатете ги Уставните измени „машки“!

*

Многу ми се бендисува нешто 3/5-ско мнозинство. Фино, умерено, пристојно, како за изгласување на прекин на функција на пратеник, на пример. Малку ќе се поодговорни да доаѓаат. Или за средување на судството, обвинителството. А што лесно би одело и со 5/8-ско мнозинство за некои дополни на уставот за кои постои терк во него, како сега со деловите од народи, пишува Емилија Целакоска во колумната „Мнозинство“

Д. Мишев

Tags: ВестиВојна во УкраинаизјавиполитикаСветслободна зона
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ