• Latest
Фото: Фејсбук

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Возилата од САД за Армијата пристигнаа на солунското пристаниште; според Агелер опозицијата критикува заради политички поени; францускиот Сенат го признава Холодомор како геноцид врз украинскиот народ

May 18, 2023

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Возилата од САД за Армијата пристигнаа на солунското пристаниште; според Агелер опозицијата критикува заради политички поени; францускиот Сенат го признава Холодомор како геноцид врз украинскиот народ

May 18, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Украинското барање за воена помош се разгледува, возилата од САД за Армијата се пристигнати на солунското пристаниште

Набавката на возилата од САД за Армијата се спроведува согласно диманичниот план, пристигнати се на пристаништето во Солун и ќе бидат испорачани во касарната во Штип, информираше денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска, одговорајќи на новинарски прашања по завршувањето на брифингот по повод отпочнувањето на активностите за мултинационалната вежба „Брз одговор 23“

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

-Сметам дека мошне е разочарувачки тоа што тие во опозицијата критизираат без сите факти или критизираат нешто за што немаат информација. Тоа го прават едноставно само за да бидат против Владата, да тоа е работа на опозицијата, но истовремено сум целосно уверена дека процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски, бидејќи тие работат на тој начин, инаку не би имале проекти насекаде во светот и одреден број тука во регионот на Западен Балкан, ако не беа доверлива компанија и граѓаните на оваа земја ќе бидат мошне среќни да ги имаат коридорите 8 и 10 д, кога ќе бидат комплетирани. Разговорите мислам се уште траат, но сметам дека е жално што има такви, кои ќе застанат на патот едноставно за да заработат политички поени, нагласи американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела П. Агелер.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска оствари средба со Мануел Сарацин, специјалниот пратеник на Владата на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, на која беше разговарано за пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, политиката за проширување со земјите од регионот, како и за домашните актуелни случувања, информираат од СЕП.

СОБРАНИСКИ КОМИСИИ Собранието на Република Северна Македонија денеска напладне треба да ја продолжи 115-та седница во рамки на која меѓу точките се и пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10 д.

УСТАВНИ ИЗМЕНИ Ако не бидат донесени уставните измени, тоа би ја однело земјата во изолација и може да резултира Северна Македонија да не се интегрира во ЕУ уште многу децении, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи. Опозицијата, пак, останува на ставот дека во овој пратенички состав, Собранието нема мандат, ниту демократски легитимитет да отвори или менува Устав.

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА „Новинар кој не ја витка кичмата и има интегритет може да се спротивстави на политичките притисоци“, вели Антоновски од МИА на панел дискусијата организирана од Институтот за медиуми и аналитика ИМА, насловена: „Слободата на медиумите наспроти политичките притисоци и пропаганда, дезинформациите и говорот на омраза: Како понатаму?“.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Руски ракетни напади: Во текот на ноќта и рано утрово сирените за воздушен напад масовно одѕвонуваа низ цела Украина. Руските агресори, очајни поради немоќта да постигнат напредок на бојното поле, извршија нов масовен ракетен напад врз цивилни цели во повеќе региони во Украина. Погодени беа главниот град Кијив, Одеса, Херсон, Хмелницки, Харков, Купијанск и Чухуив, повеќе станбени населби во регионот Запорижја, Суми.

*

Холодомор: Францускиот Сенат донесе резолуција со која го признава Холодомор од 1932-1933 година како геноцид врз украинскиот народ.

*

Депортација на Кримските Татари:  МНР на Украина издаде соопштение по повод 79-тата годишнина од депортацијата на Кримските Татари и почитување на споменот на жртвите од геноцидот на кримско-татарскиот народ. На 18 мај 2023 година навршуваат 79 години од присилната депортација на Кримските Татари, едно од најужасните злосторства на советскиот тоталитарен режим.

ЗЕЛЕНА АГЕНДА

Започнуваат настани низ регионот од Недела на циркуларната економија на Западен Балкан 2023

Втората годишна Недела на циркуларната економија на Западен Балкан ќе се оддржи од 22-26 мај, 2023 година. Со сеопфатната тема „Партнерство за циркуларност“, низа паралелни активности ќе се оддржат низ повеќе земји од Западен Балкан, вклучувајќи голем број на заинтересирани страни и учесници. Еднонеделните активностите ќе започнат во Приштина, Косово, со конеференцијата организирана од страна на Балкан Форум и Меѓународниот колеџ Универзум.

СЛОБОДНА ЗОНА

Но, како што велеше една бегалка во багажник, „вистината е како шило, боде, боде, лево, десно, и ќе исплива како површина …или ќе се појави на сателитски снимки. Maxar Technologies објави сателитски снимки со висока резолуција на делови од градот Бахмут, регионот Донецк, во мај минатата година и овој месец. Сателитските снимки кои ги пренесува Укринформ, го прикажуваат во графички детали нивото на уништување што е предизвикано од руското гранатирање, пишува Драган Мишев во „Сателитските снимки од разурнатиот до темели Бахмут ги демантираат апсурдните изјави на Песков“

 

Д. Мишев

Tags: анализиВестиВојна во УкраинаизјавикоментариСвет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ