„Тешко наоѓа човек соодветни зборови за годишнина од тековна војна и човечко страдање. Војна која мислевме дека е завршена приказна на европско тло, но сепак поради храбриот украински народ имаме човечка обврска да разговараме, да ја изразиме гласно нашата поддршка, да пратиме порака дека сме покрај нив, дека не сме ги заборавиле, дека се во нашите мисли. За да продолжат да бидат толку горди и да пружат отпор при чувањето на своето“, изјави Талат Џафери, технички премиер на Република Северна Македонија на конференција „Украина: Две години хероизам“ организирана од Амбасадата на Украина во соработка со ЦИВИЛ.
„Северна Македонија цврсто стоеше покрај Украина и ќе продолжи да стои додека тоа е потребно. Но, ние како Северна Македонија и како народи кои живеат тука со векови точно знаеме што значи да се бориш за слобода. Точно знаеме што значи да си на правата страна на историјата. Затоа се приклучивме кон санкциите и надворешната безбедносна политика на Европската Унија“, рече Џафери.
„Затоа обезбедуваме помош и поддршка на сите возможни начини на кои ќе сметаат дека им е потребна. Затоа нашата поддршка на Украина и украинискиот народ ќе продолжи да биде во нашиот фокус и во борбата за нивната слобода и во нивната евроатланска интеграција. Украина во оваа Влада има пријател и партнер“, истакна техничкиот премиер.
Б. Ј.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Б. Јордановска