На денешната прес-конференција, Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека до 17:20 часот, од обработените избирачки места, излезноста на локалните избори изнесува 39,61%.
Најголема излезност има во Вевчани, 61,84 %; Дебарца 53,41 %; Демир Капија 57,65 %; Дојран 60,91 %; Зелениково 52,77 %; Карбинци 50,25 %; Конче 55,13 %; Крива Паланка 56,01 %
Излезноста во скопските општини до 17 часот е следна:
Аеродром е 39,32 %; Бутел 42,29 %; Гази Баба 35,55 %; Ѓорче Петров 37,73 %; Карпош 42,86 %; Кисела Вода 39,37 %; Сарај 47,94 %; Центар 42,35 %; Чаир 45,09 %; Шуро Oризари 30,38 %.
Од ДИК истакнаа дека процесот на гласање се одвива мирно и без значителни нарушувања на повеќето избирачки места.
Комисијата продолжува со следење на изборниот процес и очекува конечни податоци за излезноста и резултатите по затворањето на избирачките места.
M. Д.