• Latest

Директни и јасни ЕУ пораки за излез од кризата

March 22, 2017

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Директни и јасни ЕУ пораки за излез од кризата

March 22, 2017 07:48
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заедничка изјава на комесарот Јоханес Хан и членовите на Европскиот парламент Едуард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл:

„Ние се сретнавме денеска со претставниците на парламентарните партии. Многу јасно нагласивме дека сите лидери на земјата, вклучувајќи го и претседателот, сега мора да ги почитуваат резултатите од неодамнешните избори. Во една демократија, секој мора да ги признае парламентарните мнозинства.

Затоа, ние го охрабруваме претседателот итно да ја преиспита својата позиција. Нема време за губење. Сега очекуваме, сите политички лидери и институции да овозможат демократскиот процес да продолжи со својот тек – во интерес на граѓаните на земјата. Одложувањата во изминатите месеци веќе носат штети по економијата на земјата.

Затоа, повикуваме на брзо формирање на новата влада, посветена на спроведување на заостанатите реформи. Очекуваме од партиите и од новата влада да продолжи со спроведувањето на сите делови од нивниот договор од Пржино.

Особено, ги повикуваме сите да се воздржат од какви било активности и изјави кои би можеле да разгорат меѓуетничките тензии или да ги поткопаат добрососедските односи. Никој не смее да паѓа во искушение да си игра со оган. Длабоко сме загрижени од тензиите и говорот на омраза. Слободата на собирање и слободата на изразување се основни права во демократските општества, но тие доаѓаат и со одговорности.

Во иста насока, негативната реторика насочена кон меѓународната заедница и граѓанските организации е сосема контрапродуктивна. Тоа ја поткопува позицијата на земјата на меѓународен план, како и кредибилитетот на оние кои го користат.

Заклучок, потребно ни е, веќе во неколкуте наредни денови, да видиме сериозно и одговорно државништво од релевантните институции, за да се овозможи брзо формирање на нова и цврста коалиција. Тоа е единствениот начин на враќање на патот кон ЕУ – нешто што вашите граѓани го сакаат и го заслужуваат“.

Tags: влададипломатијаЕУЈоханес Ханмеѓуетнички односиполитичка криза
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ