• Latest
Добро утро со Орданоски

Долга е раката на Трамп!

September 21, 2017

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Долга е раката на Трамп!

September 21, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

[dropcap]Г[/dropcap]о растурија Заев – со право – од завитлавање за неговата „историска“ средба со Трамп. Добро, објективно, во однос на последните американски претседатели, одиме напред, бидејќи по намигнувањето на Иванов кон Обама, сега ракувањето на Заев со Трамп е еден реален надворешно-политички исчекор, по што би требало да се очекува гушкање, а можеби, некогаш, и кус државнички разговор. Но, и двете страни во „спорот“ – службата за односи со јавност на нашиот премиер, од една страна, и заедницата на политички заебанти и сеирџии во македонската јавност, од друга – имаат проблем во позиционирањето.

Имено, владиниве пи-аровци се обидуваат секој сегашен чекор на Заев да се прикаже како „историски“ и како „голем успех“ на промоторот на „животот во Македонија“, после надворешно-политичката „диета“ на која бевме подложени во последните пет-шест години од владеењето на Груевски и Иванов од кои меѓународните (важни) државници бегаа како да се преносители на херпес или на вирусот на ебола. На меѓународните пријатели на Македонија им беше тотално смачено да ги слушаат нашите патетични наративи за потеклото на Александар Македонски и за грандиозните успеси на малиот македонски популистички модел, па гледаа, ако не мораат, во големи кругови да го заобиколат Скопје при посетите на регионот или во ходниците на меѓународните организации. Па, сега, овие задолжени за ЕПП од кабинетот на Заев, откако е јасно дека меѓународната заедница навистина со полн ветер во едрата нему му посакува добредојде и успех во долго очекуваните реформи – чии резултати допрва треба да се видат – ја користат секоја прилика, макар и на комичен начин како петте секунди од ракувањето со Трамп, за да ја рекламираат поддршката за новата македонска демократска реалност.

Од друга страна, не верувам дека многу од локалниве мајтапчии разбираат дека прашањето со кого и само ќе се ракува еден американски претседател е работа на случајност или на вешта дипломатска „заседа“ – речиси сум сигурен дека, за разлика од намигнувањето, тоа ракување било предмет на напнати протоколарни координации и договарања меѓу македонската и американската страна, токму затоа што раката на американскиот претседател е далеку подолга од раката на ВМРО, ако ме разбирате што сакам да кажам.

Според тоа, убаво е што Заев му стегна рака на Трампа, ама ве молиме од тоа да не се прават големи легенди, оти ние сме еден прилично отруен и бајаги уморен народ од „големите меѓународни успеси“ на претходната власт, кои нè чинат стотици милиони евра и десетина изгубени години живот, само за Груевски да можеше да се чувствува пет сантиметри повисок, а Иванов пет грама попаметен.

Туку, да прашам, до кај сме со апсењава? И не е ова прашање толку без врска со раката на Трамп…

[divide]

Преземање на оваа содржина е дозволена само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: IvanovАлександар МакедонскиАпсењеГруевскиЗаевТрамп
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ