Британската влада ја намали странската помош за западен Балкан од 40 милиони фунти минатата година на 24 милиони фунти за 2025-26 година, во делот што се однесува на борба против руската агресија и дезинформации или за 40%.
Регионалниот фонд, познат како Интегриран безбедносен фонд (ISF), се користеше за зајакнување на демократските институции, независните медиуми и одбрана од сајбер-напади. Намалувањето е дел од политиката на премиерот Киер Стармер за намалување на официјалната развојна помош (ODA), пишува Гардијан.
Емили Торнбери, поранешна сенка министерка за надворешни работи, вели: „Западниот Балкан е на првата линија во борбата против руските дезинформации. Потребна е поголема, не помала, поддршка за независните медиуми.“
Експертите предупредуваат дека ваквите намалувања можат да го ослабнат влијанието на Британија во регионот токму кога Русија го зголемува своето мешање и дестабилизација.
Владата, од своја страна, тврди дека ISF се прилагодува на најновите приоритети за национална безбедност и често финансира краткорочни проекти, објави Гардијан.
















































