• Latest

Две години затвор за Мијалков и Тачи, инцидентот во Охрид нема да не одвлече од ЕУ, просечната плата достигна 33.011 денари

January 23, 2023

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Две години затвор за Мијалков и Тачи, инцидентот во Охрид нема да не одвлече од ЕУ, просечната плата достигна 33.011 денари

January 23, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Мијалков и Тачи осудени на две години затвор за „Титаник 2

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за стореното кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ судот го осуди на казна затвор во траење од две години, во која се пресметува и времето поминато во притвор. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, за сторено кривично дело „повреда на избирачко право“ судот го осуди на казна затвор од две години.

На поранешните членови на Државната изборна комисија Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, судот за сторено кривично дело „повреда на избирачко право“, им изрече казна затвор од по две години.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ковачевски: Инцидентот во Охрид има за цел да го одвлече вниманието од нашата европска иднина

Премиерот нагласи дека нема да дозволи државата „да се одвои од европскиот пат“, па и затоа ќе инсистира овој проблем да се реши на најбрз можен начин, затоа што ние треба да продолжиме кон ЕУ.

– Најважно е што тие коишто ги иницирале настаните од минатата недела и настаните коишто претходеа претходно не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ, додаде Ковачевски.

Тој апелираше до опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се преиспита, бидејќи, како што рече, има голем број информации дека настаните коишто се случија минатиот викенд и настаните коишто се случуваа претходно, се поврзани со нејзини членови и симпатизери.

РЕАКЦИЈА Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи на денешната прес-конференција рече дека е во комуникација со институциите околу претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.

ПРЕГОВОРИ Бугарскиот амбасадор во Скопје повикан на консултации во Софија.

ПОЛИТИКА Претседателот на Извршниот комитет на Српската напредна партија (СНС), Дарко Глишиќ синоќа изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доколку остане на своите ставови да поднесе оставка тоа ќе биде крајот на СНС.

СТРУЈА АД ЕСМ на 22.01.2023 година произведе 18.045 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбената индустрија и други витални државни субјекти.

ПЛАТА Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 113.3. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2022 година, изнесува 33 011 денари.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Германија нема да ја спречува Полска да испорача десетина тенкови „Леопард 2“ за Украина, може да следат уште стотици

По бројните протести со барање до  германскиот канцелар Олаф Шолц да обезбеди помош во тенкови за Украина,  германската влада овој викенд сигнализираше дека нема да се обиде да ја спречи владата на Полска да испорача тенкови Леопард 2 од германско производство на украинската армија.
Зеленото светло за трансфер на Леопард 2 го обзнани германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок  во изјава за француската телевизија, пишува Форбс.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Муцунски: Левица доби над 30.000 евра од општина Аеродром а шири само лаги и дезинформациии

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски преку видео објавено на неговата Фејсбук страна ги демантираше и даде одговор на лажните вести кои изминатите неколку денови ги шири политичката партија „Левица“.

(ИЗБОР) Албански медиуми

Блокади од обилните снежни врнежи во Албанија, косовската полиција со истрага за натписот „Вагнер“ во Митровица, се дел од темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

 

СЛОБОДНА ЗОНА

 

Чии срца сакаат да освојат политичарите? На кој начин? Секој христијански празник е прилика за врвот на партиите и државата да нѐ убедат во својата побожност. Ако во нешто претеруваат до невкус, тоа секако е за време на верските празници. Парадираат заедно со црковниот клер пред камерите и насобраните верници и даваат вознесени изјави за медиумите и учествуваат во верските обреди, небаре се портпароли на Црквата. Недостасува само попски мантии да стават и да ја комплетираат сликата, прочитајте во денешното ES-PRESS-O „ Кому му служат политичарите, на луѓето или на Боб?“, од Џабир Дерала.

Не знам што повеќе шокира – леснотијата со која вмровците се впуштаат во операции за предизвикување насилство, страв и поделби во општеството или инфантилноста што ја манифестираат, мислејќи дека не се веќе одамна прочитани. Насилниот инцидент во Охрид, во кој настрада активист со бугарско „самочувствие“, по којзне кој пат, ја открива „доктрината“ на вмровците – редовно да посегнуваат по насилството како средство за политичка „комуникација“. Што, всушност, се случи?, пишува Џабир Дерала во колумната „ И тепаниот од вмро, и тепачот од вмро – погодете кој ги предизвикува инцидентите меѓу Бугарија и Македонија!“

 

С.Танеска

Tags: Војна во УкраинадезинформацииекономијаизјавиКовачевскиМијалковСрбијаструја
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ