• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Пет специјални претставници од САД и ЕУ во Косово и Србија, Ветевендосје не го изгласа пензискиот труст, поплавени делови од Албанија и Косово

January 20, 2023

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Пет специјални претставници од САД и ЕУ во Косово и Србија, Ветевендосје не го изгласа пензискиот труст, поплавени делови од Албанија и Косово

January 20, 2023 12:09
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваат напорите за пронаоѓање поволно решение за договорот помеѓу Србија и Косово, денеска  дипломати од САД и ЕУ во посета на двете земји, Ветевендосје не го изгласа „популарниот“ предлог закон за повлекување 30 отсто од пензискиот труст, прогласена вонредна состојба во северниот дел од Косово поради поплавите, се дел од темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

КЛАН: Пет американски и европски дипломати денеска во Косово и Србија

„Специјалните претставници на САД и на Европската унија, Габриел Ескобар и Мирослав Лајчак, заедно со советниците на францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Џорџија Мелони се очекува денеска да престојуваат во Косово и Србија во обид да поттикне разговори меѓу страните за нормализација на односите меѓу нив во светло на европскиот предлог кој беше познат како француско-германска иницијатива.“, пренесе Клан.

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: 55 гласови на пратениците на Ветевендосје, кои одбија  21 илјада потписи за пензискиот труст

„Собранието вторпат по ред не го изгласа предлог законот за повлекување на 30 отсто од пензискиот труст. Пратениците на Ветевендосје повторно ја вратија оваа иницијатива, која ја поддржаа и дел од граѓаните, преку петицијата за Довербата. Неуспехот во гласањето не беше добро прифатен од опозицијата, која ваквата постапка на владејачката партија ја оцени како игнорирање на барањата на граѓаните.“, пренесе Газета Експрес.

ЕКОНОМИА ОНЛАЈН Косово под вода, вонредна состојба  во Скендерај и Митровица

„Скендерај и Митровица се двете најпогодени општини од поплавите предизвикани од интензивните врнежи, во кои е прогласена  вонредна состојба. Сепак и двете општини од последните ажурирања на терен велат дека состојбата е под контрола.“, пренесе косовскиот медиум Економиа Онлајн.

ТОП ЧАНЕЛ: Поплави во Скадар, 1100 хектари земја под вода

„Обилните дождови предизвикаа поплави во Скадар, каде 1100 хектари земјиште се уште се под вода.

Цивилните групи за вонредни состојби при општина Скадар постојано ја следат состојбата.“, пренесе албанскиот медиум Топ Чанел.

КОХА: Русија повеќе им наштетила на муслиманите отколку Западот!

„Според истражувањето на невладината организација ИПИС одржано од 23 до 26 декември од годината која штотуку ја оставивме зад нас, плуралноста претставена со 47% од Албанците од Северна Македонија ја поддржуваат Украина во војната против Русија, а во меѓувреме, исто така голем процент од 41,4 % беа неутрални.

Големиот процент на неутрални може да се објасни со фактот дека Украина не ја признава независноста на Косово, а украинските власти постојано инсистираа на оваа позиција или со горчливите сеќавања од конфликтот во 2001 година кога Украина ја вооружи македонската страна, па дури и украинските пилоти ги бомбардираа албанските. селата. Но, најголемото изненадување на оваа анкета е што 4,5% од етнички Албанците испитаници на оваа анкета се на страната на Русија!“, извадок од колумната „Русија повеќе им наштетила на муслиманите отколку Западот!“

Д. Тахири 

Tags: АлбанијадипломатиЕУзаконКосовоМедиумипоплавиСАДСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ