• Latest

ЕУ го крати времето за издавање дозволи за рудници, по чија препорака ќе игра Македонија – европскa или рускa?

December 18, 2023

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ПРОПАГАНДА

ЕУ го крати времето за издавање дозволи за рудници, по чија препорака ќе игра Македонија – европскa или рускa?

December 18, 2023 21:12
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ЕКОНОМИЈА, ПРОПАГАНДА
Share on FacebookShare on Twitter

ЕУ го крати времето за издавање дозволи за рудници – Македонија лежи на критичните суровини, но западните инвестиции остануваат блокирани.

Европската Унија ги олеснува процедурите во рударството и бара да се истражуваат геолошките ресурси. Целта на Брисел е да се реализира зацртаната зелена агенда, а за тоа да се случи неопходни се минерални суровини. ЕУ веќе изготви и листа на критични минерални суровини, за кои не сака да биде премногу зависна од трети страни, како Кина и Русија. Законот за критичните минерални суровини на Унијата се очекува да стапи во сила во првата половина од 2024 година. На листата на критични суровини се најдоа 16 руди. Една од целите во новиот закон е ниту една трета страна да не ја обезбедува ЕУ со повеќе од 65% од која било стратешка суровина, вклучувајќи кобалт, бакар, магнезиум и титаниум.

„ЕУ треба да ги ублажи ризиците кон синџирите на снабдување, поврзани со евентуална стратешка зависност и да ја подобри економската отпорност, особено по пандемијата на ковид-19 и енергетската криза по руската инвазија на Украина“, се наведува во образложението на Законот.

Главните насоки кои треба да се постигнат до 2030 година се експлоатација на најмалку 10% од конкретната суровина во однос на годишната потрошувачка на ниво на ЕУ, потоа обработка на најмалку 40% од годишната потрошувачка на ЕУ и рециклирање на најмалку 15% од годишната потрошувачка на ЕУ. За ова да се оствари законот ги намалува административните бариери за инвеститорите во рударството.

„Се поедноставуваат процедурите за издавање дозволи за проекти со суровини во рамки на ЕУ. Покрај тоа, избрани стратешки проекти ќе имаат финансиска поддршка и кратење на временските рамки за издавање дозволи (24 месеци за дозволи за екстракција и 12 месеци за обработка и дозволи за рециклирање). Земјите-членки исто така ќе треба да развијат национални програми за истражување на геолошките ресурси“, се додава во предложениот текст.

– Со конкретни економски стимулации, ќе создадеме сигурност за планирање проекти за приватните инвеститори – преку единствени точки за контакт за компаниите и брзи и едноставни процедури за дозволи со јасни рокови за националните власти. Ова ќе го поттикне рударството, преработката и рециклирањето во Европа – рече германската европратеничка Никол Бир, при внесувањето на текстот на комисиска расправа.

Во меѓувреме, на последниот Самит ЕУ-Западен Балкан, кој се одржа минатата недела, во заедничката Декларација беше повикан и регионот да се приклучи кон Зелената агенда на ЕУ.

„ЕУ потсетува на својата одлучност да ги поддржува лидерите од Западен Балкан за да ја исполнат својата обврска за потполно спроведување на Зелената агенда за регионот, вклучително и своите климатски обврски согласно Парискиот Договор, Енергетската заедница и Декларацијата од Софија за Зелена агенда за Западниот Балкан, како клучен двигател за премин кон модерни, климатски неутрални економии, отпорни на климатските промени и ефикасни во однос на ресурсите“, пишува во Декларацијата.

Во меѓувреме, рударството во Македонија е со сѐ помало учество во бруто-домашниот производ на земјата и засега актуелната состојба во овој сектор е многу далечна од приоритетите кои ги поставува Брисел. Наспроти фактот што земјава поседува голем дел од критичните минерали по кои трага Унијата, инвестициите во рударскиот сектор во Македонија се соочуваат со низа пречки.

Последен пример е најавата за изградба на рудник за бакар во Иловица, зад кој стои канадската компанија Трафигура. Под притисок на дел од јавноста надлежните органи неколкупати го менуваат ставот за дозволите што ги добива инвеститорот за да може да ја реализира својата инвестиција. Сепак, дел од светските медиуми и извештаи на релевантни истражувачки центри, во позадина на ваквите случувања насетуваат политика од трета страна. Во истражувањето на „Белингкет“ се наведува дека од 2017 година па наваму Македонија им откажала концесии на четири западни инвеститори во рударството. Во него директно се посочува и делувањето на еко-активистите кои се против отворање на рудниците.

„Ангел Наков ги води кампањите против западните комерцијални проекти како што е канадската ‘Резервоар Минералс’ на планината Кожув и рударскиот проект Казандол, кој е управуван од украинско-британската групација Сардич. Тој, исто така, е главен поддржувач на едно од здруженијата против рударството, кои водат кампања против концесијата за рудникот Иловица-Штука“, пишува во текстот.

Дури и руски „Инсајдер“ пишува дека „Кремљ долго време се подготвува да добие контрола над Македонија – користејќи ја дипломатијата, активностите на специјалните служби, преку контрола на националистичките групи и со економско влијание“. И овој медиум забележува дека немало зелено светло за западните инвеститори во Македонија.

„Еден од најактивните на ова поле беше Крум Велков, кој е отворен промотор на руските интереси во Македонија. Велков и неговиот соработник Ангел Наков водат кампања против западните рударски компании како канадската Reservoir Minerals или украинско-британската Sardich. Тој ги поддржува и локалните невладини организации што го напаѓаат проектот за рудник за бакар Иловица. Сите овие проекти моментално се во мирување. Крум Велков е автор на антизападни написи на заговор на веб-страниците на ‘Геополитика’ и на веб-страницата на ‘аналитичкиот центар’ Катехон, кој е раководен од Константин Малофеев, Сергеј Глазиев и генерал Решетников“, пишува Инсајдер.

Најголемиот дел од инвестициите во рударството во моментов остануваат заплеткани во правните лавиринти, а додека ЕУ апелира да се намали зависноста од третите страни, единствениот рудник за бакар во земјава „Бучим“ во Радовиш, чиј сопственик е „Солвеј“, се поврзува со Русија.

Tags: дезинформацииЕУиздавање дозволируднициРусијаруска пропагандаСеверна Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ