• Latest

Героски: Политичарите и креираат и се жалат на лажни вести

March 21, 2019
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Лекарите во Газа предупредуваат дека бебињата се пред умирање поради недостаток на млечна формула, „Бебињата се коска и кожа“, велат тие

July 5, 2025
Протестни блокади Србија, Земун
Фотографија/ Н1

Шести ден од блокадата: Најавени се нови прекини во сообраќајот, „слободна зона“ во центарот на Земун

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Героски: Политичарите и креираат и се жалат на лажни вести

March 21, 2019 14:03
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Како медиумите информираат за време на изборната (пред)кампања, дали информираат објективно и вистинито, колку се придружуваат кон етиката во известувањето во изборните процеси, како медиумите се справуваат со политичката пропаганда, говорот на омраза и лажните вести, која е улогата и одговорноста на медиумите при преземање и објавување на Фејсбук статуси на одредени личности…, беа теми на кои ЦИВИЛ Медиа разговараше со Бранко Героски, главен и одговорен уредник на весникот Слободен печат и вебпорталот Плусинфо.

ЦИВИЛ Медиа: Која е улогата на медиумите во пресрет на претседателските избори?

ГЕРОСКИ: Медиумите треба сериозно да ги покриваат претседателските избори, како што ги покриваат и сите други избори, бидејќи станува збор за политички настани од огромно значење за земјата, тоа се практично најважните политички настани. Притоа, исто така медиумите се простор каде учесниците во изборната трка се огласуваат, се рекламираат, ги испраќаат своите комерцијални пораки до гласачите, така да земена во целина, улогата на медиумите е многу значајна. Без медиумите изборите како да не се одржале.

ЦИВИЛ Медиа: Која е Вашата оценка досега, дали забележувате предвремена кампања, на некој начин „препукувања“? Дали засега медиумите ја играат улогата на информатори или пак потпаѓаат под таа политичка кампања?

ГЕРОСКИ: Долго следам избори, практично од самиот почеток на повеќепартиските избори во Република Македонија и можам да ви кажам дека од почетокот  на тоа време па до денеска, секогаш постоеле таканаречени предкампањи, односно кампањи пред официјалните кампањи и во процесот на номинација на кандидатите внатре од страна на партиите, а и подоцна кога кандидатите веќе ќе бидат номинирани а официјалниот почеток на кампањата сè уште не дошол на ред. Тоа е нормално, а она што според мене не е коректно и не е нормално е кога медиумите, новинарите и уредништвата заземаат лична позиција, тоа на англиски се нарекува „personal commitment“, без претходно тоа јавно и транспарентно да го кажат. Не е забрането еден медиум да застане и да рече: „Да, јас сум за Доналд Трамп“ или „Да јас сум за Хилари Клинтон“, да не употребувам локални личности тука, но тоа е важно да се соопшти претходно, транспарентно и отворено и тогаш публиката знае која е определбата на еден медиум и тој медиум ќе живее со својата определба, со победата, поразот, со тоа како читателите ќе го оценат персоналната посветеност на уредникот на некоја личност.

ЦИВИЛ Медиа: Можете ли да направите една споредба меѓу пропагандата, лажните вести и говорот на омраза, помеѓу медиумите и социјалните мрежи?

ГЕРОСКИ: Јас не гледам во сегашното медиумско милје во Македонија суштинска разлика меѓу денешните говор на омраза, црна пропаганда и ширење на лажни вести. Притоа нагласувам дека центрите на политичката моќ, првенствено владите, тие се всушност главни произведители на лажни вести, иако тие истовремено најмногу се жалат дека се нападнати со лажни вести, така што постои едно двојство. Социјалните мрежи и интернетот генерално се едно поле на кое постои таканаречена инхерентна анархија. Секој обид да ги регулирате, ограничите и менувате интернетот и социјалните мрежи е однапред осуден на неуспех. Тоа е неспојливо со самата филозофија на социјалните мрежи. Во таа смисла, тука може на некој начин да се разбере и да се оправда таа анархија на слободниот говор, која во одредени случаи значи и говор на омраза и лажни вести. За медиумите треба да важат многу поцврти правила на игра и затоа јас се залагам да постои регулација во интернет порталите. И тоа една, би рекол поцврта регулација, барем таква како што важи за печатените медиуми за да го намалиме нивото на спуштање на сите стандарди на новинарскиот занает и професионализам. Тоа што денеска сè уште новинарските здруженија, па и Владата, не ја прифаќаат таа иницијатива и не води до тоа да нема разлика меѓу парамедиумите и социјалните мрежи. Оние кои денеска на социјалните мрежи се влијателни, во парамедиумите се таканаречени новинари или парановинари и ние имаме луѓе со огромна и реална моќ на достапност да ги испраќаат своите пораки кои знаат да бидат отровни, хејтерски и неписмени и сето тоа едноставно проаѓа. Тоа е страшно за нашиот духовен простор генерално.

ЦИВИЛ Медиа: Каква и колкава е одговорноста на медиумите доколку превземат некој статус од одредена социјална мрежа и дали медиумите не чувствуваат одговорност ако ја пренесат таа негова содржина?

ГЕРОСКИ: Одговорноста во принцип е поделена. Од моето лично искуство, ние често пренесуваме статуси, особено опиниони статуси, мислења, на еден круг на луѓе чии мислења ги сметаме за значајни и сакаме да допре и до нашите читатели и посетители на „Плусинфо“ и се обидувам со сите тие луѓе да имам извесно разбирање, во смисла на тоа да имам некаква џентламенска дозвола тоа да го правам, и тие да имаат доверба во начинот на кој јас ги превземам. Досега со многу ретки исклучоци сум имал никаков проблем во таа смисла, но сум свесен дека кога ги превземам јас веќе споделувам одговорност заедно со авторот.  И затоа не објавувам баш сè од секого, колку и да е тоа интересно и колку и да тоа носи читатели или кликови. Поради тоа јас доаѓам во ситуација да бидам критикуван и напаѓан, но цврсто се држам до тој принцип бидејќи има пак од друга страна паметни луѓе, чие мислење според мене е релевантно, кои немаат шанса да го промовираат тоа свое мислење во медиумите и јас со големо задоволство го правам обратното. Сакам тие луѓе да бидат во можност да им го соопштат тоа што сакаат и на моите читатели, но одговорноста тогаш ја споделуваме заеднички.

Дехран Муратов
Камера, фотографија и обработка на текст: Ангела Петровска 
Монтажа: Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share63Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ