• Latest

Глобалното затоплување ги ослободува патогените вируси од арктичкиот мраз, на човештвото му се закануват смртоносни инфекции

July 24, 2023

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

Глобалното затоплување ги ослободува патогените вируси од арктичкиот мраз, на човештвото му се закануват смртоносни инфекции

July 24, 2023 12:07
in ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Климатските промени ги ослободуваат прастарите инфекции од нивните ледени затвори на Арктикот. Глобалното затоплување е опасност за нашата планета и за нашето здравје.

2023 најтопла до сега, 2024 уште потопла

Според Службата за климатски промени Коперник на ЕУ, првите две недели од јули најверојатно биле најтоплите на Земјата во последните стотици, ако не и илјадници години. Научниците предвидуваат дека 2024 година ќе биде уште потопла од 2023 година, бидејќи временскиот феномен Ел Нињо – познат по тенденцијата за зголемување на глобалните температури – најверојатно ќе го достигне врвот кон крајот на оваа година. Ова само го зголемува енормното топење за арктичкиот мраз, што доведува до страшни позледици за планетата.

Под мраз, но можеби не уште долго

Во апокалиптичната ТВ серијата „Последниот брод“, човештвото е речиси избришано од чума што се појавува од замрзнатиот Арктик како резултат на глобалното затоплување. Идејата за болест која потекнува од далечен пејзаж создава добра научна фантастика, но се чини дека потенцијално би можеле да го доживееме тој пустош од прва рака, напиша Дом Галеон за Футуризам во анализата од 2017 година за топењето на арктичкиот мраз .

Изворот на овие епидемии во реалниот свет? Вечниот мраз во поларните региони.

„Вечниот мраз е многу добар зачувувач на микроби и вируси, бидејќи е ладно, нема кислород и е темно“, објаснува за Би-Би-Си еволутивниот биолог Жан-Мишел Клаверие од Универзитетот Екс-Марсеј во Франција. „Патогените вируси кои можат да заразат луѓе или животни може да се зачуваат во старите слоеви на вечен мраз, вклучително и некои кои предизвикуваа глобални епидемии во минатото“.

Веќе голем број на вируси заробени во вечниот мраз се проширија кога претходно замрзнатата почва се стопи. Неодамна, се веруваше дека појава на антракс во 2016 година потекнува од заразен елен кој умрел и замрзнал во вечниот мраз пред околу 75 години. Сега, научниците веруваат дека зголеменото темпо на топење на вечниот мраз може да ослободи мноштво други вируси кои ги немало илјадници, па дури и милиони години.

Чување на работите замрзнати

Идејата дека вирусите би можеле да се оживеат откако ќе бидат замрзнати подолг временски период не е навистина нова. Студијата од 2007 година покажа дека вирусот на шпански грип од 1918 година може да преживее во заразени трупови закопани во тундра на Алјаска, а во студијата од 2011 година за потенцијалот на антракс што се појавува од гробницитр за добиток, истражувачите Борис Ревич и Марина Подолнаја напишаа:

„Како последица на заразите од вечниот мраз и топењето на вечниот мраз може да се вратат смртоносните инфекции од 18 и 19 век, особено во близина на гробиштата каде што биле погребани жртвите од овие инфекции“.

Поради климатските промени, топењето на вечниот мраз се зголеми до алармантни стапки. Напорите за борба против ова се во тек, вклучително и идеја за повторно замрзнување на поларните ледени капаци, но немаме начин да знаеме колку е неизбежна вирусна епидемија од претходно замрзнатите вируси кои се кријат под сега разредените слоеви на вечен мраз.

„Сега постои не-нулта веројатност дека патогените микроби би можеле да се оживеат и да не заразат“, рече Клавери. „Колку е веројатно тоа не е познато, но тоа е можност.

Најдоброто нешто што можеме да го направиме е да се осигураме дека сме способни да се бориме со какви било вакви епидемии доколку се појават со тоа што ќе имаме при рака соодветни складишта за вакцини.

Тоа, и секако да продолжиме со нашите напори да ставиме крај на глобалното затоплување и, можеби, дури и да вратиме дел од штетата што е веќе направена.

Д. Мишев

Tags: арктички мразглобално затоплувањеклиматски променипатогени вируси
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ