• Latest

Граѓан(к)ите бараат одговори!

August 7, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Граѓан(к)ите бараат одговори!

August 7, 2018 15:07
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода продолжува со иницијативата „Барам одговор!“. Граѓанските новинарки и новинари се тие кои го менуваат светот и без страв прашуваат и бараат одговори од надлежните органи. Идејата е преку видео, или селфи видео, граѓанките и граѓаните да постават прашање на политичар/политичарка или јавна личност, градоначалник/градоначалничка, институции (здравство, образование, полиција, труд и социјала…), буквално, на сите надлежни институции и лица кои сметаат дека треба да дадат одговор во однос на некое прашање кое ги засега. Видео снимката ЦИВИЛ ќе ја објави на своите онлајн канали, а прашањето ќе биде адресирано до соодветната институција или јавна личност до кого е упатена.

Доколку граѓан(к)ите сакаат да останат анонимни, има опција да се снима објект, таблата со името на некоја институција или некоја ситуација, додека се поставува прашањето.

Прашањата пратете ги во видео формат (селфи видео) на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, Фејсбук страницата на граѓанските новинар(к)и (приватна порака) или на civil.macedonia@gmail.com.

Прилозите во кои не се гледа ликот на авторката/авторот, се подразбира дека ќе бидат анонимни, а ЦИВИЛ нема да го открие идентитетот. Во секој случај, ЦИВИЛ мора да го знае идентитетот и контактот на поставувачот на прашањето, кои секако, нема да ги открие.

На Фејсбук страницата на ЦИВИЛ излегоа неколку видеа во кои граѓаните поставуваат прашања до институциите со прашања кои, на пример, се однесуваат на подобрување на здравството во Македонија, на иднината на младите, како и промотивното видео со кое се повикуваат граѓанките и граѓаните да проговорат, да снимаат и фотографираат, со овозможен слободен простор на онлајн каналите на ЦИВИЛ, за јавен притисок кон институциите што често се глуви за проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Приклучете се на Инцијативата „Барам одговор“!

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: #БарамОдговорграѓанипрашања
Share37Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result