Советничката во општина Гостивар Афердита Хамза, на почетокот на своето излагање на јавниот настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“, вели дека пролета не доаѓа со едно цвеќе, туку мора да има повеќе цвеќиња.
Националната политика според мене, најмногу се прави во централната власт, каде се поентира на национализмот. Се знае и светски, дека во една мултиетничка држава, ако една етничка заедница е прва и во Уставот, во таа држава ќе има проблеми, како што ние имаме проблеми.
„Се додека во Уставот стои дека оваа држава е на Македонците и другите етнички заедници, ние ќе имаме проблем. Јас сум толерантна, и ова што сега зборувам на македонски јазик покажува дека јас имам почит кон другиот, значи ја почитувам државата, ама да се чувствувам како втора категорија навистина ми е тешко“, истакна таа.
Д. Тахири
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Горан Наумовски