Во среда наутро во Јапонија се одржа тивка молитва по повод 80-годишнината од фрлањето на атомската бомба врз градот Хирошима од страна на САД.
Како што пренесува Би-би-си, на церемонијата присуствуваше јапонскиот премиер Шигеру Ишиба заедно со официјални лица од целиот свет.
„Јапонија е единствената нација што претрпела атомско бомбардирање во војна“, рече градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи, во Меморијалниот парк за мир во градот. „Јапонската влада претставува народ кој се стреми кон вистински и траен мир“.
Втората светска војна заврши со капитулација на Јапонија по фрлањето на бомбите во Хирошима и Нагасаки, што се случи со разлика од неколку дена.
Атомските бомби фрлени на Хирошима, и подоцна на Нагасаки убија повеќе од 200.000 луѓе – некои од непосредната експлозија, а други од радијациона болест и изгореници.
Наследството на оружјето продолжува да ги прогонува преживеаните и денес.
Д. Мишев