• Latest

Хоџиќ: Додик и неговото семејство се на црните листи на САД и Велика Британија, во Европа има поддршка само од Орбан и останатите ултрадесничари

January 17, 2025
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Хоџиќ: Додик и неговото семејство се на црните листи на САД и Велика Британија, во Европа има поддршка само од Орбан и останатите ултрадесничари

January 17, 2025 11:29
in КОНТЕКСТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во неодамнешното интервју објавено на 9 јануари на ЦивилМедиа со претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, одговараше на прашања поврзани со екстремистичките изјави и провокации што доаѓаат од Милорад Додик, првиот човек на Република Српска и верен лојалист на рускиот диктатор и воен злосторник, Путин. Во контекст на најновите изјави на Додик за руската пропагандистичка РТ со седиште во Белград, актуелни се изјавите на Хоџиќ дадени пред само неколку дена.

Според Хоџиќ, Босна и Херцеговина има капацитет да се справи со екстремизмот на Додик и со неговите закани дека ќе ја отцепи Република Српска.

„Денес, за разлика од почеток на 90-тите години, Босна и Херцеговина и нејзините патриоти се многу повеќе организирани. Прво, искуствата од отпорот и одбранбената војна од 90-тите сѐ уште се свежи. Второ, денес на меѓународен план Босна и Херцеговина има многу повеќе пријатели од периодот кога се стекнуваше независноста. Трето, денес БиХ има своја сериозна наменска индустрија која произведува оружје и за извоз низ целиот свет, а тоа не беше случај во почеток на 90-тите. Четврто, вмрежувањето на пријателите на БиХ и босанските патриоти е многу полесно со денешните технологии“, изјави Хоџиќ во интервјуто за ЦивилМедиа.

Прогнозите за тоа што ќе се случува со ваквите аспирации и нивните носители, според Хоџиќ, не одат во полза на Додик. Нашиот соговорник вели дека Додик го знае сето тоа и дека неговата политичка кариера е на самиот крај.

„Тој и неговото семејство се на црните листи на САД и Велика Британија, во Европа има поддршка само од Орбан и останатите ултрадесничари, па нема сила да влезе на крајот од кариерата во авантурите кои од него ги бара Путин. Доколку во некој очајнички потез сепак го направи тоа, неговата политика ќе биде уште поефикасно поразена, отколку своевремено политиката на Слободан Милошевиќ, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ.

Џелал во разговорот со ЦивилМедиа потсети дека НАТО сојузот, најголемиот воено-безбедносен сојуз на светот, официјално има три воени интервенции. Првите две воени интервенции се врз целите на великосрпската политика во БиХ и Косово, а третата интервенција е врз целите на политиката на Талибанците.

Џ. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ