• Latest

Има разлика – меѓу национални платформи и салати!

January 28, 2017

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Има разлика – меѓу национални платформи и салати!

January 28, 2017 22:27
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Од „Албанската платформа” трубена на сите страни, со помош на Приштина и Тирана дури, пред неколку дена, паднавме на четирите услови на ДУИ, за кои „не се преговара”.

Денес слушаме, дека од четири услови за кои нема компромис, да сме ти спаднале на еден!

Пишува: Петрит Сарачини

Верувам дека на многумина досега им стана јасно она што го тврдеше Младичот со кристалната топка уште на самиот почеток, дека Декларацијата на трите албански партии, која претенциозно беше наречена „Албанска платформа” – е само еден инструмент на ДУИ за неутрализација на изборниот пораз (и на албанската опозиција), како и распределба на вината за бројните неуспеси од минатото, но и од иднина. И тоа не само во поглед на подобрување на правата на Албанците во Македонија, туку општо, вклучувајќи ја тука и вината за криминалното и скандалозното владеење, што ја донесе целата земја и нејзините граѓани во беда.

Платформа, која никогаш немала за цел да биде спроведена сериозно. Платформа, која никогаш не се обидела сериозно да се го поврзе целиот албански политички фактор во Македонија. Да не зборуваме за претставниците на научните и образовните институции, граѓанскиот сектор, интелектуалците и експертите (да, да, постојат и такви), културните здруженија, итн..

Платформа, во која орото го води оној, кој за време на кампањите ветува официјализација на јазикот (или тврди дека го официјализирал), консензуален претседател, една од трите клучни државни функции за Албанците, пропорционален буџет … а потоа заборава сè (како и овојпат) и се задоволува со подароците на анти – Албанецот Груевски, како што еден Индијанец се задоволува кога на белците им дава злато, во замена за – огледалца.

Платформа што е направена во рок од неколку часа, или, во најдобар случај, два – три дена, во партиски кујни и канцеларии, но и во оние на разно-разни служби за „информирање” и пропаганда, не може да биде „Албанска платформа”.

Имам порака за готвачите, но и за сите оние, кои искрено сакаат да се создаде една платформа, или, да се стават на хартија и во план за акција – на достоинствен, аргументиран и реален начин – работите што им припаѓаат на Албанците во Македонија.

Националните платформи не се салати! Тие не се подготвуваат за пет минути, колку за да ги задоволат потребите на дневната политика.

Не дека тој процес кај Албанците не треба да започне што е можно поскоро. Но, тешко дека ќе започне, сé додека кај Албанците во Македонија политиката ја диктираат – садачи на салати!

 

Tags: Албанска платформаВМРО - ДПМНЕДУИМакедонијаПетрит Сарачиниполитичка кризаСДСМЦивил - Центар за слобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ