• Latest
Фотографија: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ Медиа

Иванов: Новинарите ја промашија улогата, медиумите се во скутот на власта

September 24, 2025

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Иванов: Новинарите ја промашија улогата, медиумите се во скутот на власта

September 24, 2025 13:52
in ИНТЕРВЈУ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фотографија: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ Медиа

Фотографија: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

„Не може секој да биде новинар. Новинар е оној што има дигнитет и знае да каже ‘не’ на главниот уредник. Тоа е карактерна категорија“, вели новинарот Зоран Иванов и уредник во НОВА ТВ.

Според него, секое време е погодно за новинарство, но секогаш ќе постојат и новинари асови и „не-новинари“. Професијата е постојана борба, особено во редакциите, каде денес ретко се разговара за новинарството и дневните теми.

Во интервјуто за ЦИВИЛ МЕДИА, Иванов вели дека медиумите не се неслободни, туку дека „не се слободни новинарите – по сопствен избор“. Тој укажува на сервилноста кон политичарите, бенигните прашања и недостигот од критички пристап, особено на влијателните национални телевизии кои не ги поставуваат вистинските прашања и не бараат одговорност.

„Влијанието е огромно на медиумите, но тие се заспани, се во скутот на власта. Не знам дали имаат сила медиумите да направат некој пресврт во општеството. Идат избори, граѓаните да сфатат што е вистина, а што е лага. Тоа е обврска на медиумот, а тоа не го прават. Нашите медиуми со чест на исклучоци пливаат во лагите на политиката и уживаат во таа комоција“, вели Иванов.

Во врска со надворешните влијанија, Иванов оценува дека Македонија е интересно подрачје и за српскиот, но особено за рускиот свет. Според него, се отвораат се повеќе портали со јасна идеолошка наклонетост кон руската политика. Проблемот го гледа кај сопствениците и уредниците, кои свесно одбираат новинарски екипи подготвени да ја следат таа насока.

„Луѓе со дигнитет нема да прифатат да работат во таква средина, за да го спасат образот на новинарството“, додава тој.

За иднината на медиумите Иванов е скептичен. Тој смета дека новинарството ја промашува својата демократска улога – наместо да ги разобличува лагите и манипулациите на политичарите, дел од медиумите уживаат во „комоцијата“ на власта. Истовремено, интересот за професијата опаѓа, факултетите затвораат катедри, а дополнителен притисок врши и вештачката интелигенција.

„Новинарството е професија на карактер. Мора да имате достоинство, интегритет и сила да кажете ‘не’. Само така може да се зачува честа на професијата и да се изгради општество со вистински вредности“, порача Иванов до младите новинарки и новинари.

Биљана Јордановска

камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ