• Latest

Избирачкиот список не е приоритет на ДИК

December 5, 2017

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Избирачкиот список не е приоритет на ДИК

December 5, 2017 17:11
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ будно ги следеше изборните процеси во изминативе години и постојано укажуваше на аномалиите во Избирачкиот список. До Државната изборна комисија доставуваше информации за бројните пријави од граѓан(к)ите кои бараа помош да го остварат своето право на глас и пријавуваа фантомски гласачи во нивните домови. Меѓутоа, по се изгледа дека проблемот со Избирачкиот список и фантомските гласачи не им беше приоритет на членовите на ДИК, зафатени беа со „побитни“ работи.

Уште во 2013 година, ЦИВИЛ почна гласно да говори за фантомите во Избирачкиот список и ги алармираше институциите и јавноста. Наместо да преземат нешто во врска со тоа, институциите го нападнаа ЦИВИЛ. Тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, остро ги демантираше и ги отфрли сите докази на ЦИВИЛ и отворено ѝ се закануваше на организацијата. Меѓутоа, и во изминативе години институциите, особено ДИК, немаа слух и желба да го решат проблемот со Избирачкиот список и фантомските гласачи.

На 9 декември 2016, ЦИВИЛ одржа прес-конференцијата пред седиштето на Државната изборна комисија, и се обиде на претставник на оваа институција да достави документирани случаи на 104 „исчезнати“ лица од Избирачкиот список, кои беа само дел од над 1.000 граѓанки и граѓани кои се јавија со поплаки дека се избришани. На големо и непријатно изненадување, во ДИК немаше практично никој кој можеше да го прими материјалот што тимот на ЦИВИЛ го подготви, во обид да им помогне барем на стотина граѓанки и граѓани да го остварат своето право на глас. Во ДИК, едноставно, немаше никој, на само 48 часа пред денот на гласање!

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја алармираше јавноста и институциите за катастрофалната состојба со Избирачкиот список, но резултатот од тоа беше молк, манипулација и политички притисок. Правото на глас им беше повредено на голем број граѓанки и граѓани на денот на гласањето. Постојат податоци за голем број фантомски гласачи, кои останаа на Избирачкиот список, а живи, постоечки луѓе, беа избришани само неколку дена пред изборите. За тие гласачи не беше воспоставен систем за да се заштити нивното право на глас. Во избришаните беа и лица, кои се легитимни гласачи и фантомски гласачи.

ЦИВИЛ регистира запишани гласачи во Избирачкиот список на адресата на Веро супермаркет во општина Аеродром. Граѓани пријавуваа дека со нив живеат фантоми. Откриени беа случаи на изборни злоупотреби со лични карти од починати лица кои се најдоа во Избирачки список, а нивните семејства добиваа надоместок за социјална помош. Во една од пријавите која стигна до ЦИВИЛ, граѓанка од Скопје вели дека на увидот којшто го направила, сè уште стои гласач кој не живее на нејзината адреса, иако неколку пати има испратено претставка до Општинската изборна комисија. „Не само што не е избришан човекот кој не живее и никогаш не живеел на оваа адреса, сега имам уште еден и тоа со истото презиме“. Избирачкиот список не само што не е исчистен, туку е преполн со лица кои реално не живеат во општина Ресен.

Синиша Станковиќ пишува во својата колумна – Браќа, земјаци и мили комшии – „фантоми“, (при)јавете се, да ми дозволат да гласам!

„Отворено писмо до сите мои актуелни и идни домашни „фантоми“ од базите на официјалните податоци на ДИК, МВР, Управата за водење на матични книги, Државниот завод за статистика, УЈП…, и од оние полуофицијалните на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со апел за помош на паталец… Со единствена желба – тоа генијалците од ДИК, да не ме тормозат повеќе, ама и со голем страв, дека до изборите, станот ќе ми наликува како оние од улицата „Макси Ѓорѓија“ во кои „живееја“ и по педесетина „човечиња“… Macedonia hopeless“…

Ова се само дел од пријавите кои пристигнаа до ЦИВИЛ, а од ДИК немаа интерес да ги решат овие проблеми.

Дехран Муратов

 

Tags: ДИКизбирачки списокфантомски гласачиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ