• Latest

Итнa проверка на избришаните и спорни гласачи кои ќе се вратат во Избирачкиот список!

February 21, 2017

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Итнa проверка на избришаните и спорни гласачи кои ќе се вратат во Избирачкиот список!

February 21, 2017 18:22
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Експертите бараат да се изврши итна проверка на околу 30.000 граѓан(к)и кои беа избришани од Избирачкиот список, но и на околу 172.000 гласачи коишто беа ставени на посебен Избирачки список. Според експертот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, д-р Александар Новаковски, ова е обврска на ДИК, зашто измените и дополнувањата на Избирачкиот список, беа извршени согласно со Договорот од Пржино и важеа само за предвремените парламентарни избори.

Иако враќањето на спорните гласачи во Избирачкиот список е законска обврска, сепак, смета д-р Александар Новаковски, обврска на надлежните, на ДИК и на државата е – да се изврши проверка на овие идентитети, со цел – спроведување на законски, фер и демократски и кредибилни избори, при што секој граѓанин ќе има право на глас.

Д-р Александар Новаковски

„Проблемот е што и покрај сите апели и укажувања, Избирачкиот список  сé уште покажува низа аномалии. Зашто, имавме за првпат појава на гласачи кои не беа на списокот, а се појавија на денот на изборите. Според мене, затоа ДИК, мораше, а и сега мора, да ги провери овие 30.000 гласачи. Со тоа, ќе се оттргне дилемата, дали се тие спорни гласачи или не. Истото се однесува и на оние 172.000 гласачи, коишто беа ставени на посебен Избирачки список.  Без разлика на одлуките на партиите и на Собранието, должност е на органот којшто се грижи за законитоста на изборниот процес и кој со измените е единствено надлежен за водење и ажурирање на Избирачкиот список, да изврши проверка и на овие граѓани-гласачи. Едноставно, да се расчисти, дали се тие спорни гласачи или не“, изјави д-р Новаковски за ЦИВИЛ Медиа.

Во СДСМ не гледаат голем проблем, зашто се убедени дека оваа партија ќе формира коалициона влада, а потоа, ќе преземе системски мерки за трајно пречистување на Избирачкиот список.

„Решенијата предвидени согласно со Пржинскиот договор беа ад-хок решенија, коишто се однесуваа само на предвремените избори, затоа што тогаш беше очигледно дека нема политичка волја за поинаков тип на измени, значи, за реално прочистување на Избирачкиот список. Меѓутоа, и тоа пречистување ги покажа тврдењата на СДСМ за недоследностите во Избирачкиот список. Токму поради тоа, новата влада формирана од СДСМ ќе се посвети на системско решение, кое што ќе доведе до трајно пречистување на Избирачкиот список“, изјави за ЦИВИЛ-Медиа, портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Петре Шилегов

Според Шилегов, најдобра варијанта е активната регистрација на гласачите, а друга можна опција е и гласањето да биде компјутеризирано, така што ќе се споредуваат отпечатоци од прстот на гласачите … Но, кое било решение да се примени, неопходно е да се направи сериозно поместување на состојбите.

Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека пречистувањата во Избирачкиот список, само го потврдиле „сценариото на Заев“.

Иво Котевски

„Нашата позиција сме ја повторувале во јавноста во повеќе наврати. На изборите во 2014 година, Зоран Заев лажеше и манипулираше, измислувајќи 500.000 фантоми, само за да ја игнорира и заобиколи волјата на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ и тогаш тврдеше дека Заев лаже и од тие причини ја прифати Методологијата за пречистување на Избрачкиот список, предложена од СДСМ. Согласно со таа методологија, која што беше применета, се докажа сценариото и лагите на аболицираниот криминалец Зоран Заев“, ни изјави Иво Котевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, будно следејќи го изборниот процес, постојано укажуваше на присуство на низа аномалии во Избирачкиот список. До ДИК ги ажурираше бројните пријави од граѓан(к)ите коишто бараа помош за да го остварат своето право на глас, но и пријавуваа присуство на фантомски гласачи на непостоечки адреси или во нивните домови.

Избори 2016

„ЦИВИЛ – Центар за слобода ја алармираше јавноста и институциите за катастрофалната состојба со Избирачкиот список, но резултатот од тоа беше молк, манипулација и политички притисок. Правото на глас им беше повредено на голем број граѓанки и граѓани на денот на гласањето на 11 декември 2016 година. Постојат податоци за голем број фантомски гласачи, кои останаа на Избирачкиот список, а живи, постоечки луѓе, беа избришани само неколку дена пред изборите. За тие гласачи не беше воспоставен систем за да се заштити нивното право на глас. Во избришаните беа и лица, кои се легитимни гласачи и фантомски гласачи. Сега, тој список се враќа во некоја претходна состојба. Со која цел? Дали за да се прикрие неспособноста да се прочисти Избирачкиот список, или да се продолжи со манипулации и повреда на правото на глас, не е сосема јасно“, вели Џабир Дерала, пренесувајќи го ставот на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

„Единствено јасно е“, вели Дерала, „дека членовите на ДИК, треба да положат сметка пред јавноста, но и пред законот, за огромните пропусти во спроведувањето на изборниот процес“.

„Најмалку што можат да направат е да ги понудат своите мандати на располагање. Тоа ЦИВИЛ го побара уште првиот ден по изборите, а се нудеа и бројни решенија за ефикасно надминување на предизвиците долго пред да се одржат изборите“, истакна претседателот на ЦИВИЛ.

Моника Талеска

 

Tags: Александар НоваковскиВМРО-ДПМНЕДИКЗоран ЗаевИво Котевскиизбирачки списокПетре ШилеговСДСМЦивилЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ