• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Изборите во Химара никако да се одржат; Делегација со високи претставници на американското правосудство го посети СПАК; Косово и САД да останат во чекор за унапредување на нивната заедничка визија

July 10, 2024

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Изборите во Химара никако да се одржат; Делегација со високи претставници на американското правосудство го посети СПАК; Косово и САД да останат во чекор за унапредување на нивната заедничка визија

July 10, 2024 10:42
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Регулаторната комисија при Централната изборна комисија вчера не ги одобри процедуралните рокови за делумните избори за градоначалник во општина Химара. 3 члена од оваа комисија гласаа „за“, а останатите 2 гласаа против, јавуваат албанските медиуми.

Американскиот помошник државен секретар Џејмс О’Брајан по средбата што ја имаше пред два дена со претседателката Вјоса Османи изјави дека Косово и САД да останат во чекор за унапредување на нивната заедничка визија, пренесоа косовските медиуми.

Во продолжение се содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Панорама: Избори во Химара – Регулаторната комисија на ЦИК не ги одобрува роковите; го поништува претседателскиот указ; ДП се уште нема име за кандидатот

Регулаторната комисија при Централната изборна комисија вчера не ги одобри процедуралните рокови за делумните избори за градоначалник во општина Химара. 3 члена од оваа комисија гласаа „за“, а останатите 2 гласаа против, пренесе Панорама.

Но, според законот, секоја одлука мора да се донесе со најмалку 4 гласа. По овој начелен став, претседавачот не го однесе на гласање член по член.

Според указот на претседателот Бајрам Бегај, овие избори ќе се одржат на 4 август 2024 година, но на оваа одлука се спротивставија двајца членови на опозицијата. Според предлог-одлуката што ја објави ЦИК за организација и спроведување на делумните избори за градоначалник на Химара, изборната кампања би се отворила на 26 јули.

Еуроњуз: Делегација со високи претставници на американската правда го посети СПАК

Делегација од американско правосудство денеска беше во посета на СПАК, каде се сретна со првиот човек на оваа институција и други обвинители.

Според соопштението на американската амбасада на социјалната мрежа „Х“, тие подвлекле колку е важно кривичното гонење со интегритет и професионализам за борба против корупцијата, организираниот криминал и неказнивоста, пренесе Еуроњуз.

КОСОВО

Зери – О’Брајан по средбата со Османи: Горди сме што ја поддржуваме демократската држава Косово

Американскиот помошник државен секретар Џејмс О’Брајан по средбата што ја имаше пред два дена со претседателката Вјоса Османи изјави дека САД се горди што го поддржуваат Косово, пренесе Зери.

О’Брајан рече дека е важно Косово и САД да останат во чекор за унапредување на нивната заедничка визија.

Газета Експрес -Германска амбасада: Ние сме за укинување на мерките, на Владата е да создаде клима за да се обезбеди потребниот консензус во ЕУ

Германската амбасада во Приштина во одговор за Газета Експрес  вели дека официјален Берлин е за укинување на мерките против Косово. Сепак, појаснуваат дека одлучуваат земјите-членки на ЕУ и дека останува во рацете на Владата на Косово да создаде поволна клима за да се постигне потребниот консензус во Европскиот совет.

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, преку својот извештај што го достави до земјите членки на ЕУ препорача укинување на мерките за Косово. Но, освен дискусиите дека некои држави се за целосно укинување, а некои не, сè уште нема конкретно движење за нивно укинување.

КОЛУМНА

Коха: Француските избори, апсењето на Вучиќ и авто-головите на Косово

„Изјавата на Свечла дека доколку претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дојде на Косово без дозвола од МНР, ќе биде уапсен, можеби ќе направи неволја во својата партија, но направена од него, како министер во Владата , го става Косово во неповолна позиција во процесот од кој Косово може да добие, но и да загуби многу.

Ова зависи од мудроста на властодршците“, пишува авторот Арбен Ќирези во колумната „Француските избори, апсењето на Вучиќ и авто-головите на Косово“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ