• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Кој го дезинформира Рама за политичката реалност во Северна Македонија, дали Мицкоски и Апасиев му забрануваат на Касами да оди во Тирана…

January 10, 2023

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
Абу Даби преговори за Украина, 10 ноември 2026 (CBS News screenshot)

Преговорите за Украина во Абу Даби: Главните прашања и изгледите за договор

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Кој го дезинформира Рама за политичката реалност во Северна Македонија, дали Мицкоски и Апасиев му забрануваат на Касами да оди во Тирана…

January 10, 2023 11:53
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

И денеска фокусот на македонските медиуми на албански јазик е насочен кон најавената вечерашна средба на албанскиот премиер Еди Рама со лидерите на албанските политички партии во Северна Македонија. Изјавата на лидерот на Беса, Билал Касами, дека не ја одбива поканата, но нема да седи на иста маса со Ахмети, но и инсинуациите од одредени аналитичари дека всушност дека Беса постапува според инструкции од ВМРО – ДПМНЕ. Медиумите  во Албанија дел од фокусот го насочуваат кон новите хакерски напади, овој пат во банките. Ова е дел од изборот темите од албанските медиуми во регионот што ги подготви редакцијата на ЦИВИЛ Медиа.

ЗУРТАРЕ НЕТ- Касами: Некој од Македонија го дезинформира господинот Рама за политичката реалност

„Мислам дека премиерот Еди Рама има добри намери за Албанците во Македонија, исто како и за целото албанско прашање на Балканот, но како што изгледа блискоста што ја има со раководството на ДУИ и сегашните албански лидери во власта, го дезинформираат за случувањата во Северна Македонија и не ја прикажуваат реалноста како што треба“, изјави  лидерот на Беса Билал Касами, пренесе Зуртаре.Нет.

ДИТАРИ МК – Мицкоски и Апасиев и забрануваат на Беса да се сретне со Еди Рама

„Знаејќи дека Касами ја доби општина Тетово со помош на гласачкото тело на ВМРО и имајќи ги предвид честите јавни и нејавни средби со Мицкоски, се појасно станува политичкиот вазализам на Движењето Беса кон македонските опозициски партии. .

Дали Мицкоски и Апасиев и забрануваат на Беса да се сретне со Еди Рама, исто како што и забрануваат да гласа за уставни измени и напредок на државата кон интеграција во Европската Унија?!“, извадок од едиторијалот „Мицкоски и Апасиев и забрануваат на Беса да се сретне со Еди Рама“, објавен во ДИТАРИ МК.

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: Договорот меѓу Косово и Србија на повидок?

„На крајот на минатата година до властите во Косово и Србија беше доставен план на Европската унија, кој во јавноста е познат како француско-германски план.

Во нацртот на овој предлог, кој го виде Радио Слободна Европа, не се споменува меѓусебно признавање, но изгледа дека служи како платформа за посеопфатен договор.

Можеби најважниот дел од предлогот е „двете страни меѓусебно да ги признаваат националните документи и симболи, вклучувајќи ги пасошите, дипломите, автомобилските таблички и царинските печати“, извадок од анализата “Договор помеѓу Косово и Србија на повидок? Објавена во косовскиот медиум Газета Експрес.

ШЕКУЛИ: Хакери објавија  банкарски сметки на граѓани и фирми

„Хакери на „Homeland Justice“ објавија на Телеграм список со имиња на некои компании и граѓани и тврдат дека ги обезбедиле нивните банкарски сметки.

До имињата и идентификациските броеви има колона што го прикажува салдото на сметката.

Нејасно е на која банка припаѓаат наведените клиенти, но таму се нотирани имињата на некои од најголемите компании во Албанија, вклучително и јавните претпријатија како КЕШ или ОСТ.“, пренесе албанскиот медиум Шекули.

КОХА: 1133 во Косово, 3372 во Босна

„Ова не се апстрактни бројки. Зад овие бројки има детски имиња. Толку многу деца беа убиени од српските агресори во Босна и Косово во 90-тите, но ова темно поглавје не е тема во српската јавност во Србија и Босна. Трагичниот ,и за осуда случај  во Штрпце, каде беа повредени двајца млади Срби, е типичен пример како српската пропаганда злоупотребува инцидент за потреби на дневната политика. Има најмалку три случаи на убиства на Албанци во Прешевската Котлина кои никогаш не биле на виделина од српските власти.“, извадок од колумната „1133 во Косово, 3372 во Босна“, од Енвер Робели, објавена во Коха.

Д. Тахири


Извор: CivilMedia | Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0

Tags: АлбанијаВМРО-ДПМНЕдезинформацииДоговорКасамиКосовоРамаСрбијасредбаТиранахакери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ