• Latest

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Пендаровски ќе одржи Конвенција; мастер дебати со претседателски кандидати нема; рокот за поднесување пратенички листи во ДИК истекува денеска на полноќ

April 2, 2024

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Револуционерен модел

November 1, 2026

Подготвеноста спасува животи: Практичен водич за кризни ситуации

November 1, 2026

Кочани, корупција и бесмисленост: Начин на живот на територија што посакува да биде држава

November 1, 2026

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Пендаровски ќе одржи Конвенција; мастер дебати со претседателски кандидати нема; рокот за поднесување пратенички листи во ДИК истекува денеска на полноќ

April 2, 2024 14:47
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателски избори

Кандидатите за претседател на државата денеска во Државната изборна комисија ќе го потпишат Кодексот за фер и демократски избори. Пред потпишувањето воведно обраќање ќе има претседателот на ДИК, Александар Даштевски, а ќе биде прочитана и содржината на Кодексот.

Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, кој се трка за втор мандат за шеф на државата на претстојните претседателски избори денеска ќе одржи Конвенција, на која ќе ја претстави изборната програма.

-Во изминативе пет години, заедно градиме демократско и граѓанско општество. Така, обединети, и ќе продолжиме. Почнувајќи од утревечер, пред граѓаните ќе ја презентирам програмата за следните пет години. Продолжуваме да градиме општество кое ќе се темели на европски вредности, објави вчера на Фејсбук Пендаровски.

Од центарот за комуникации на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, денеска информираа дека сепак нема да се одржат мастер дебати со сите претседателски кандидати.

-За жал, и покрај најдобрите намери во овој процес и соработката меѓу изборните штабови, политичките и медиумските околности во моментот не се одржливи за да се создадат услови за одржување на овие „мастер дебати“, се посочува во соопштението.

Оттаму посочуваат дека изминатиот период, преку интензивна комуникација на изборните штабови на сите седум претседателски кандидати беше постигнат консензус за одржување на две големи т.н. „мастер дебати“.

На 4 април почнува изборната кампања за седмите претседателски избори на кои во првиот круг на 24 април ќе се гласа за седум кандидати. Парламентарните избори се на 8 мај, кога ќе се гласа и за втор круг од претседателските избори.

Парламентарни избори

Најдоцна до полноќ политичките партии и коалициите треба да ги достават листите за пратеници до Државната изборна комисија (ДИК) за изборите закажани на 8 мај.

Ако ДИК утврди дека листата е поднесена во определениот рок и е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик, поднесената листа ќе ја потврди со решение веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа. Денеска исто така ДИК треба да го заклучи Избирачкиот список и за претседателските (24 април) и за парламентарните избори.

На состанокот на Централно собрание на крилото на Арбен Таравари во Алијансата за Албанците беа избрани кандидати за пратеници кои ќе бидат дел од заедничките листи на коалицијата „Вреди“.

АА на Таравари ќе има само еден носител на изборна листа во ИЕ5, а тоа е Салим Сулејмани од Струга.

„Очекувам минимум шест, а можеби и седум од АА, ќе видиме. На изборите веќе евидентно според анкетите стоиме многу добро“, изјави Арбен Таравари по завршување на собранието.

Коалицијата што ја предводи СДСМ прва ги достави листите за пратеници до Државната изборна комисија за парламентарните избори на 8 мај. Како што информираат од ДИК, доставени се листи за пратеници за сите шест изборни единици. Рокот за доставување на изборните листи за пратеници истекува вечерва на полноќ, а денеска исто така се очекува ДИК да го заклучи Избирачкиот список и за претседателските и за парламентарните избори.

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни изборни набљудувачи 

ЦИВИЛ отвори повик за мобилни краткорочни изборни набљудувачи на изборниот процес 2024 година. Рокот за пријавување за краткорочни изборни набљудувачи во составот на ЦИВИЛ е до 8 април, 20 часот.

Според стандардите на ЦИВИЛ, функционери и активисти на политички партии немаат право на учество на овој повик. Не е дозволено да се биде набљудувач на две организации истовремено.

Подготви: Н. Абдурахмани во соработка со ЦМТ

 

Tags: Алијансата за АлбанцитеАрбен ТаравариДИКПендаровски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ