Додека Израел се подготвува да ја стави надвор од законот главната агенција на ОН за палестинските бегалци во четврток, има предупредувања дека тоа може да ја поткопа виталната испорака на помош и долгорочните шанси за мир, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Израелските власти не кажаа како ќе го спроведат законот донесен минатата година од израелскиот парламент, кој ја обвини УНРВА дека е соучесник со Хамас, тврдење што агенцијата го негираше.
„Ќе биде катастрофа ако се случи оваа забрана“, вели Џулиет Тума, директор за комуникации на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (Унрва).
„Тоа ќе ги продлабочи и продолжи страдањата на палестинскиот народ кој се потпира на агенцијата за својот опстанок, за своето образование и здравствена заштита.
Дури и пред 15-месечната брутална војна да остави огромно мнозинство од два милиони луѓе во Газа раселени и без покрив над главата, повеќето беа регистрирани бегалци.
Камповите „УНРВА“ првпат беа формирани во Газа за да бидат сместени Палестинците кои побегнале или биле протерани од нивната земја во борбите пред и по создавањето на државата Израел во 1948 година.
Низ Блискиот Исток – во Јордан, Сирија и Либан, како и на окупираните палестински територии – има околу шест милиони палестински бегалци.
Подготви: Д. Мишев