„Ние забележавме дека сé уште не е постигнат договор за формирање нова Влада и затоа ги повикуваме сите политички актери во земјата, вклучително и Претседателот, да делуваат на смирен и конструктивен начин, со целосна одговорност за решавање на сегашната состојба“, изјави денеска Маја Коцијанчич, портпаролката на Европската комисија.
Осврнувајќи се на фактот дека мандаторот Никола Груевски не успеа да составив влада во предвидениот рок од 2о дена, Коцијанчич вели:
„Знаете дека земјата нема време за губење и во овој поглед очекуваме претседателот, според Уставот, да изврши итна отворена консултација со политичките сили во земјата и брзо да определи лидер за формирање на Влада, кој ќе може да најде заедничка почва за формирање на стабилна, солидна и одговорна коалиција“, истакна таа.
Очекувањето на ЕК, претседателот Ѓорге Иванов да изврши итна консултација со политичките сили во земјата и да определи лидер за формирање на „што е можно поширока влада“, е ставот кој во име на официјален Брисел, беше презентиран на денешната прес-конференција.