• Latest

Каде се прозивките за откажување од „Белградската платформа“?

May 30, 2017

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Каде се прозивките за откажување од „Белградската платформа“?

May 30, 2017 11:46
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Со месеци, драги мои сограѓан(к)и, пред изборите а и потоа, во јавноста, медиумите, муабетите во кафеаните, на улица, целата дискусија и сè она што беше поврзано со политичката состојба во земјава, беше доминирано од вештачки создадените и наметнатите теми и лаги, за „федерализација“, „кантонизација“ на Македонија, казните од 5.000 евра за незнаење албански јазик, двојазичните банкноти, како и од дискусиите за „Тиранската платформа“. За платформата од Белград, не зборуваше никој.

Пишува: Петрит Сарачини

Особено за ова последново, за „платформата“, се дигна голема џева во земјава. Не само од страна на медиумите и делот од јавноста што е под целосна контрола и диктат на началниците на МВРО.  Прозивки и повици за дистанцирање од таа „платформа“ доаѓаа и од истакнати активисти, интелектуалци, новинари и јавни личности што го критикуваа режимот на Груевски.

А, прозивките не беа упатени само кон политичките партии на Албанците или кон оние, коишто се профилираат во јавноста со поостра и порадикална реторика блиска до национализмот. Не. Редовно се повикуваат на „јавно изјаснување“ и оние, кои со години, не само преку зборови, туку и преку дела, покажале и докажале дека се космополити, дека не ги делат луѓето на „наши“ и „ваши“, дека не ги мрзи да фатат и да заметат и во „својот“ двор.

Но, тоа, по обичај, не е доволно. При секоја ваква прилика, редовно почнуваат прозивките и барањата за осуда на албанскиот национализам. Не мора да одите далеку во барање примери, потсетете се само на таквите повици кои доаѓаа по говорите и изјавите за состојбата во Македонија на политичката маргиналка од албанскиот Парламент, Месила Дода, или со знаменцата на бирото на Талат Џафери.

Предмет на такви прозивки речиси секогаш е и вашиот омилен Младич со кристалната топка.  Се разбира, повиците речиси без исклучок доаѓаат од луѓе, кои речиси никогаш не го осудиле национализмот во своите редови.

Но, ете, бидна 27 април. Освен скандалот без преседан, со присуството на разузнавачот од српската амбасада во Собранието на Македонија, (не само на оној кој за 24 часа доби „пемпеле“ од Јанкулоска дека не е шпион, а кој редовно е на вакви „настани“), деновиве во дел од медиумите се откриваат вкусни детали за улогата на разузнавачката служба на соседна Србија во кризата во земјава и во настаните во Собранието.

Па така, дознаваме за соработката на дипломатот – разузнавач Горан Живаљевиќ со пратеникот Иван Стоиљковиќ од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, со аналитичарот Лазански, за нивната координација… Вчера, во неколку медиуми и страници на новинарски истражувачки мрежи протекоа и транскрипти на разговори меѓу првите двајца кои биле под надзор на македонската служба. Тие разговори откриваат сериозни индиции за конкретно вмешување на странска служба во нашите внатрешни работи, како и координирање и содејствување во сценарио, чијашто крајна цел беше државен удар, загрозување на животот и безбедноста на дел од пратениците и рушење на уставниот поредок на земјава.

И, што правиме сега, барем со прозивките и повиците за осуда?

Ги повика ли некој политичките партии на Србите во Македонија и нивните коалициски партнери јавно да се откажат од „Белградската платформа“ и идејата за скусена балканска федерација со Белград на чело, којашто Стоиљковиќ и формално ја потпишуваше во Москва ?

Ги прозива ли некој истакнатите јавни личности – Срби во Македонија, јавно да се откажат од „Белградската платформа“, од „македонското сценарио” и војната што само што не се случила во Македонија, а за која со месеци трубеа разно-разни српски портали, блиски до другарите на нашите началници?

Се наполнија ли насловните страници, порталите, се отвораа ли вести деновиве на ТВ, со детали за сценариото на српската служба БИА и за нејзината улога во крвавиот упад во Собранието на РМ? Замислете само, во улогата на српскиот разузнавач на 27 април, да беше или се најдеше некој од службите на Албанија или Косово, не дај Боже…

Ако нема повици и прозивки, дајте брзо јавете и се на Месила Дода. Да каже нешто лапидарно за Илирида. Не за друго, за да има за што да се пишува, за да имаме кого и за што да прозиваме, де…

Tags: 27 априлБелградска платформаБИАГоран ЖиваљевиќИван СтоиљковиќизбориМакедонијаМесила ДодаСобраниеТалат Џаферитиранска платформа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ