• Latest
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Како да се надмине говорот на омраза во изборен контекст

March 29, 2023

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Како да се надмине говорот на омраза во изборен контекст

March 29, 2023 15:00
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, КОНТЕКСТ, ТОП 5
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Избори, 2017 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Во контекст на изборните аспирации што отворено дефилираат низ медиумскиот простор, но и на социјалните мрежи, ги издвојуваме препораките на ЦИВИЛ што произлегоа од локалните избори во 2021 година.

Медиумите и социјалните мрежи во изборен контекст се секогаш добра алатка за дебатирање без изборните противници да имаат потреба од соочување лице в лице. Уште повеќе тие дебати сè повеќе се им одат во прилог кога толкувачите на истите ќе се впуштат во говор на омраза, дискирминација, навреди и клевети… Таков еклатантен пример беа локланите избори во 2021 година.

Но што треба да се направи?

Во продолжение препораките на ЦИВИЛ, кои можат да се најдат во публикацијата „ Локални избори 2021: Рововска битка со црната пропаганда и дезинформации“:

Заклучоци

Бројните примери обработени во оваа анализа укажуваат дека говорот кој поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза беше акутен општествен проблем, и пред, и за време на, и по „Локалните избори 2021“.

Анализираните примери за дискриминација, нетрпеливост и говор на омраза врз основа на политичка припадност или политичко уверување, наведуваат на заклучок дека политичкиот говор против „предавници“, „квислинзи“, „колаборационисти“, „северџани“, „комуњари“, „непријатели“, итн. беше користен како алатка за политичка борба и за време на кампањата за од страна на повеќе партии, особено од страна на опозицијата.

Говор кој поттикнува дискриминација и омраза врз основа на политичко уверување или политичка припадност, беше користен и од страна на медиуми, новинари, и други јавни личности. И покрај затишјето за време на изборната кампања, по изборите беше забележливо разгорување на говорот кој поттикнува дискриминација, нетрпеливост и омраза врз основа на етничка припадност. Во контекст на локалните избори 2021, беа детектирани и други видови на говор кој поттикнува дискриминација, нетрпеливост и омраза по други основи.

Препораки:

1) Обезбедување на законски и материјални услови за проширување на мониторингот од страна на ААВМУ, со цел да се опфатат сите видови говор кој поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза, вклучително и на порталите и на социјалните мрежи, пред, за време на изборната кампања, и по изборите.

2) Воведување на јасни правила од страна на ДИК, и подготовка на кампањи за кревање на свеста на учесниците во секој изборен процес за забраните и санкциите за говор кој поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза.

3) Министерството за правда да изготви анализа, со препораки и план за акција како да се надмине проблемот на пасивноста на надлежните институции (пред се, МВР, и Обвинителствата), и да се надмине проблемот со неказнивоста во случаи на говор кој поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза во контекст на изборен процес.

4) МВР да ги зајакне капацитетите за борба против ширењето на расистички и ксенофобични материјали преку компјутерските системи, како и расистичките и ксенофобични мотивирани закани и навреди, со посебен фокус на изборниот процес.

5) Со законот за јавни собири се забрани повикување, поттикнување или разгорување на омраза по сите основи, со казни за организаторите на јавниот собир кои нема да преземат мерки за заштита од говор на омраза.

6) Владата, во соработка со здруженијата на граѓани, политичките партии, верските организации, медиумите и МАНУ, да изготви долгорочна стратегија за борба против говорот на омраза (вклучително и говорот на омраза онлајн), со посебен фокус за време на изборниот процес.

7) Здруженија на граѓани да ги координираат своите активности за граѓански мониторинг на изборниот процес. Заедно со Народниот правобранител и комисијата за заштита од дискриминација да подготват кампања за кревање на свеста на граѓаните, со цел да се зголеми бројот на граѓански пријави и да се активираат постоечките механизми за заштита од говорот кој поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза во контекст на изборен процес. Медиумските здруженија да се вклучат поактивно кревање на свеста кај новинар(к)ите за штетните општествени последици од говорот кој поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза во контекст на изборен процес.

ЦИВИЛ подготвува нов сет на препораки кои произлегуваат од долгорочното набљудување на политичко-општествената состојба во изборен контекст.

Подготви: Б. Ј.

Tags: говор на омразаизборипрепоракиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ