• Latest

Капиталистите бараат пари од државата, а го спонзорираа нејзиното киднапирање

May 12, 2017

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026

Србија гласа: Висока излезност, насилни инциденти и стравувања од постизборна криза – се зборува за „план Б“ на Вучиќ (ИНФОГРАФИК / ВИДЕО)

October 25, 2026
Панчево, Србија, 25 октомври 2026

Маскирани напаѓачи со метални шипки и факели нападнаа млади луѓе во Панчево (ВИДЕО)

October 25, 2026

Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА од Белград: Сериозни изборни нерегуларности, долги редици и сведоштво за генерацијата што бара правда (ВИДЕО)

October 25, 2026

Пет дизајнери што го променија лицето на урбаната мода

October 25, 2026

Србија гласа: До 11 часот излезноста достигна 27,3 отсто – речиси двојно повеќе од изборите во 2023 година. Што може да значи тоа?

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Капиталистите бараат пари од државата, а го спонзорираа нејзиното киднапирање

May 12, 2017 09:47
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Стопанствениците, нивни комори или агенти за односи со јавноста ретко се појавуваат во јавноста со изјави и оценки за состојбите во земјата. Се занимаваат претежно со теми од финансиско-економска природа. Зошто и би се занимавале со други теми, правењето пари е нивна работа, нема зошто да се валкаат со други теми. И кога спонзорираат криминални партии и медиуми, тоа е само бизнис, нели?

Пишува: Џабир Дерала

Неодамна, повторно се пожалија дека државата им должи пари, не им вратила ДДВ, не платила услуги и што не. Бараат државата да им ги врати парите. Дали со тоа можеби мислат на партијата која ја киднапираше државата, а тие платија за таа операција?

Македонските стопанственици очигледно немаат намера да платат за подлиот колаборационизам со криминалната клика која себе си се третираше како држава и повеќе од тоа. Тој колаборационизам ги чинеше луѓето здравје, достоинство и живот. Очигледно, мислат дека луѓето се слепи, глуви и глупави.

Работниците во нивните компании се третираат полошо од животните. Создадоа фирми во кои луѓето гладни доаѓаат на работа, а заминуваат исцрпени и понижени. И благодарни за тоа смешно малку што го добиваат. За тоа време, тие исти стопанственици лобираат за што е можно подобри услови за нив, од време на време „конструктивно“ ја критикуваат владата (читај: бандата) затоа што на странските инвеститори им даваат подобри услови за експлоатација на работничките и работниците.

Описите во романите на Чарлс Дикенс не се разликуваат многу од тажната денешнина во која живеат и умираат македонските работнички и работници. Погледнете ги градежните работници на скелињата на лудачките проекти на Скопје 2014. Текстилните работнички и работници во повеќето фабрики работат по 10-12 часови, шест дена во неделата, а неодамна слушнав дека не им дозволуваат да ја прекинат работата ни за да ги задоволат физиолошките потреби.

Тие исти стопанственици ги спонзорираат валканите политички кампањи и се ортачат со арамиите и фашистите од власта. Прифаќаат услови за услуги кои се вон законот или лобираат за лоши закони кои им одговараат само ним и на ортаците од власта. Учествуваат во наместени тендери, ги спонзорираат само медиумите кои се на списокот на режимот, градат цркви, донираат споменици. А живите луѓе ги газат како да се стари, непотребни предмети.

Бараат пари од државата, а тоа значи од нас. Може. Но, претходно, пред уредно да платиме, треба да ги отворат тендерите и другите зделки со „државата“. Потоа, да видиме како ги третираат своите работнички и работници. После, ќе платиме.

Tags: бизнисекономијазаконикликакриминалМедиумиработнички праваспонзорствотендериЧарлс Дикенс
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ