• Latest

Киднапирана кампања

April 6, 2019

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Киднапирана кампања

April 6, 2019 14:37
in Uncategorized, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дијана Тахири

Претставувањето/кампањата на кандидатите за претседател на државата пред широката јавност и понатаму продолжува во ист манир. Никако сами, постојано во придужба на високи партиски функционери, коишто на секој можен начин си ги промовираат своите партиски програми на претседателска кампања. И понатаму, кампањата може слободно да се нарече парламентарна.

На трибините на претседателскиот кандидат на владината коалиција Стево Пендаровски, постојано се канети и присуствуваат гости за пополнување на културно-уметничката програма на вечерта, од бивши политичари, до естрадни уметници, актуелни политичари, и секако, неодменливото присуство на премиерот. Секој од гостите со своја приказна и свој значаен придонес кон искривување и нарушување на програмските определби и угледот на кандидатот, се разбира, без таква намера. Бидејќи, едноставно, толку им сече. Трибините на Пендаровски личат на боксерски рингови без огради, а како дополнително отсликување на рингот е самиот Пендаровски со неговите потскокнувања во обид да биде подостапен и поблизок со публиката. Заев му доаѓа како гостин – забавувач, а публиката, неубедлива и пред заспивање, со исклучок на емотивните изливи на поединки коишто сиот живот ги чекале своите пет минути да фатат микрофон и да им се чуе гласот.

Кампањските митинзи на Блерим Река недвосмислено потсетуваат на свечени конгреси од комунистичко време, со свечена и страхопочитувачка тишина од публиката. За уште повеќе да личи на комунистичка експресија пред народот што голта и се сложува со се што ќе каже говорникот, тука се говорите на Зиадин Села. Силни, прекорувачки, пророчки, мисионерски, лидерски, до засипнување и оштетување на гласните му жици.  Река е малку несигурен кога се движи на отворен простор меѓу луѓе, толку што напати наликува на Бранко Црвенковски кога во минатото некој му потшепнал дека сепак ќе мора да има и личен контакт со живи луѓе. Сепак, Река покажува поголема присност, освен ако не му се загледате во погледот.

Силјановска -Давкова…  Госпоѓа, заборавена од јавноста. Од нејзината фацијална експресија и говор на телото може да се заклучи дека и покрај јогата, не може да се опушти и да ја напушти вкоченоста и закоравените и контрадикторни ставови што се однесува до нејзиното евентуално претседателствување со земјата. Нелогична реченица, впрочем, како и нејзините изјави. Постојано се демантира и пак се потврдува, за утредента пак да се демантира. Но, тука е Мицковски, на којшто би можеле да му позавидат и најуспешните глумци на дворски шутови, да ја извади од сувата и досадна реторика, и да ги претвори претседателските митинзи во партиски.

За настапите на кандидатите на овие претседателски избори и нема што да се каже или искоментира во некаква повисока интелектуална смисла, освен сеирџиска, какви што им се и обидите за кампањи. Кампањи киднапирани од партиите што ги поддржуваат и застапуваат, односно, од лидерите.

Зошто би се киднапирала претседателска кампања од партии? Секоја од партиите што ги поддржува своите кандидати, е очигледно толку несигурна во своите иднини како политички субјекти во трка за водство и власт, иако државата има легитимна власт веќе две години, што посегнува по сите можности да се доискаже и да се натпреварува со противникот, дури и на претседателски избори. Ништо невообичаено, освен ако не се земе во предвид дека  случувањата и договорите помеѓу партиите поддржувачки на кандидатите, пред вториот круг од претседателските избори, ќе бидат клучни елементи за поделба на власта на следните парламентарни избори, коишто сите политички субјекти во моментов ги користат како плашило еден против друг. Најпросто кажано.

Во Македонија, институцијата „Претседател“ е сведена на циркузантска претстава, за забава на широки народни маси, со марионетска позадина за којашто, искрено, не знам зошто некој би се согласил да ја предводи и претставува. Не во овие прилики. Освен, да си ја смири главата, и да си одмори пет години ( колку што е претседателскиот мандат), и да живее на државен трошок. Навистина, кој е предизвикот?

[divide]

 

Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

 

 

Share82Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ