„Што се однесува до НАТО, постојат одлуките од Букурешт, и со тие одлуки и нивното реализирање, оваа земја ќе стане членка на НАТО. Како ќе се реализираат тие одлуки, тоа не зависи од нас, зависи од тие што треба да одлучат. Ние ја сакаме оваа мила, наша северна земја и во НАТО и во ЕУ! Но, според правилата и предусловите од ЕУ и НАТО“, порача Никос Коѕијас, грчкиот министер за надворешни работи, по денешната средба со својот македонски колега, Никола Димитров, одговарајќи на новинарско прашање: „Дали Грција има храброст да оди напред и да го поддржи влезот на Македонија во НАТО, или храброст за напредок во решавање на проблемот со името? Што може Грција да смени и да направи?“
„Што се однесува до европскиот пат на нашата соседна земја, сакаме да ја поддржиме земјата, и со тие експерти, ако ни биде побарано да ја поддржиме, да го пренесеме нашето искуство и знаење, не само за позитивните работи, туку и за нашите слабости. Нешто што други не треба да го направат. Грција го поддржува евроатланскиот пат на целиот Балкан. Земји-кандидати станаа земјите на Балканот, со чии високи претставници имавме средба на Самитот во Солун, за многу држави што се членки на НАТО, сето тоа се направи, кога Грција беше претседавач на НАТО. Значи, ние не треба да покажеме храброст, зашто тоа е елемент на нашата политика. Не го правиме тоа само за другите, туку затоа што сметаме дека тоа е коректно за Европа и за иднината на нашата земја. Во НАТО и ЕУ, ние се наоѓаме цели децении, сами од регионот. Тоа не е од наш интерес, зашто не ставаше во подалечна позиција од други држави“, рече Коѕијас.
Моника Талеска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Даниела Нисева