• Latest
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Колку вреди зборот на Мицкоски?

December 14, 2025

Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

January 26, 2026
Скриншот од видео на ВВС

И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

January 26, 2026

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Поларизација на јавниот простор, култура и правниот систем – предвремена и индиректна кампања (13)

January 26, 2026
Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

January 26, 2026

Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

January 26, 2026

Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

January 25, 2026
Креирано со помош на ВИ

Трамп го проби дното: Ги налути НАТО сојузниците со неточно тврдење дека „останале малку подалеку“ од фронтот во Авганистан, Британците гневни

January 24, 2026
Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

January 24, 2026
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

January 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СТАВОВИ

Колку вреди зборот на Мицкоски?

December 14, 2025 14:52
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, СТАВОВИ
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter
ОЛИВЕР АНДОНОВ

Мислев да пишувам за друга тема, внатрепартиска, но не било дадено. Едноставно заврши мантрата околу Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ кој требаше според Мицкоски со внимание да го следиме, бидејќи ќе се случуваат историски нешта. И како што се потроши темата „многу врева за ништо“, се вративме во реалноста. А таа пустата, грда па нема до каде. Не помага дотерување, шминка, затегање, ботокси, грда си е па грда, со тенденција набргу да стане одвратна. Да ни се блуе од реалноста но и од нејзините креатори и нивната ароганција, простотилак и нааканост.

И уште како ќе стане одвратна кога на дело имате физички напад врз медиум и новинари, јавно во емисија, а потоа оваа срамота се разводнува со разни божем инфлуенсери на социјалните мрежи и нивните про……ња – божем ставови, добиени и уредени од „центар на моќ“ и платени со наши пари, во кеш. Видливо, дури проѕирно. На прагот сме на тоталитаризам во 21-от век и тоа создаден токму од нашата партија ВМРО-ДПМНЕ. Ништо од заштита на човековите права, слободата на говор, напредокот на Македонија. Ништо од силните ветувања на Мицкоски за се нешто. За него и неговите имитатори неделнава фраза која ја употребуваат папагалите како мантра е „растурање пердуви“. Христијан, не си го читал Водинелиќ, а и не ти предавал. Впрочем ништо и не читаш, а кај тато си бил на предавања, па така не си можел да научиш нешто од општествените науки кои патем ги потценуваш. Постарата генерација која на почетокот на осумдесеттите години од минатиот век студираше на факултетот за безбедност (мислам дека тогаш беше Факултет за безбедност и општествена самозаштита), ќе се сетат на  објаснувањето на љубимата фраза на Мицкоски „растурање пердуви“, дадена од страна на професорот Водинелиќ.

Прашај Христијане, може и ќе ти објаснат, само немој Љупчо Андонот и Џони да ги прашуваш, тие секогаш те дезинформираат, а и самите толку знаат. Но и не се мачат многу околу тоа, едноставно, тие знаат колку вреди твојот збор а со тоа и ти, па не им е грижа што се ќе ти подметнат да тресеш во јавноста. Тој збор кој е преточен во фрази кои и самиот не ги разбираш, но ти изгледаат паметно е една од многуте твои провали што би рекол ти „на јавна сцена“, само уште да го погодиш контекстот, веројатно како оној со „хибридните закани“.

И да, да се вратиме на темата. Колку вреди зборот на Мицкоски?

1.Мигранти

Прашањето за мигрантите е убава забава. Што се преговараше со Обединетото Кралство во однос на пакетот за задолжување од шест милијарди евра? Дали тоа беа само проекти и Британски гаранции како што е одредено во Договорот кој можевме да го видиме, или ти Христијан ветуваше и нешто повеќе, онака под маса за да ќариш некоја пара повеќе, а сега не си во состојба да го реализираш ветеното? Па угоре високо-удолу длабоко. И уште згора го уриваш угледот на Британија во Македонија. Всушност ги правиш неморални и лажговци, идентично како што Српскиот свет неосновано, како и ти, ги обвинува за измами и божем работа зад грб, омраза врз Словенството – посебно нас Македонците (уште од граѓанската војна во Грција) и уште безброј глупости. А тие едноставно слушаат што ти па дури и со полушепот на официјални или неофицијални средби или преку посредници ќе им понудиш, односно ќе се обидеш да испреговараш. При тоа нас тука не сметаш за глупи и корисни идиоти кои ќе можеш лесно да ги излажеш, а кога ќе бидеш во тесно Британците ги нарекуваш лажговци (посредно). Патем, да бевме членка на ЕУ или барем во фаза на преговори како Албанија, немаше да има шанси за вакви глупости. Впрочем ете уште еден доказ зошто ти го блокираш почетокот на преговори и членството на Македонија во ЕУ.

2.Името на државата

„Никогаш северна-само Македонија“. Со оваа флоскула ги доби изборите пред 18 месеци и им вети на граѓаните дека ќе го вратиш името на државата. Освен што ја насанка Силјановска на заклетвата, ти од твојата заклетва во Собранието си употребуваш „северна“ без срам и перде, па уште и тврдиш дека никогаш не си рекол дека ќе го вратиш името Република Македонија. Така сега интензивно го употребуваш „северна“, па дури и закони менуваш за да се усогласи употребата на Уставното име. Нам ни раскажуваш божем патриотизам. И згора на сé на велепредавникот Заев не му фали влакно од глава. И за тоа ли ти е обвинителството виновно? Па ти и надвор од него можеш да ги прибереш сите докази против Заев кои се видливи за целата македонска јавност.

3.Нов Кривичен закон

Ни трага ни глас од нов Кривичен закон. Се нешто ти недостасува и никако да го предложиш како влада да влезе во собраниска процедура. А требаше веднаш 6 месеци по доаѓање на власт да го донесеш. Имаш мнозинство во Собрание, а се стои. Или немаш интерес тоа да го направиш? Доколку го направиш ќе мораш под мониторинг на ЕУ да го спроведуваш, а вака ќе чекаш и догодина да ти го кажат тоа во Извештајот на ЕК. А нели новиот КЗ треба да биде основ за реформи во третата власт и поуспешна борба против корупцијата?

4.Враќање на укинатиот член 353 и борба против корупција

Нели ти беше против укинување на дел од членот 353 со кои застареа делата (кражбите) од твои блиски луѓе? Нели СДС и ДУИ тоа го направија а ти им направи кворум за да го направат, а пред заблудената македонска јавност објаснуваше или обесуваше – правеше нешто, но секако глумеше дека ти си против овие измени. Нели рече дека ќе го вратиш на сила членот 353 во целост? А токму укинатите делови од членот 353 се основ за борба против корупцијата и криминалот.

5.Промени во судството и обвинителството

Ништо од твојата правда и правичност. Освен што на третата власт не и даваш пари од буџетот кои се предвидени со закон и што се караш со нив, правејќи од тоа шоу пред македонските граѓани, ништо не правиш конкретно. А вети, дека ќе направиш промени. Нема ниту на повидок предлог на законско решение кое демократски ќе ја засили и уреди третата власт и ќе ја доведе во ред, посебно во однос на корупцијата. Единствено што правиш е притисок врз третата власт за која те предупредуваат и нашите пријатели од ЕУ. Притисок за да биде твоја па со неа да притискаш врз целото општество.

6.Решавање на домашните задачи и европеизација на државата

Добивме ужасно лош Извештај од ЕК за годинава. Нема област во која сме напреднати или подготвени според европските стандарди. Ништо од тоа дека ќе бидеме најдобриот ученик во класот. Исчезнуваме од класната фотографија, како никогаш да не сме биле дел од класот. Како што одамна ти кажавме дека ја носиш државата да биде фуснота во европската историја.

7.Пријателот Трамп – први во редот

Ами нели беше прв во редот за кај твојот пријател Трамп? Или пардон, неуспешно се буткаше прв во редот да се сликаш со Ј.Д.Венс. До каде сме со твојата посета – пријателство – значајност за Трамп? Не не споменува чичко Трамп, не ни знае дека постоиш, а сликите со Амбасадорката која патем ти одржа лекција за работа, посветеност и резултати, ти служат само за ефтин ПР на социјалните мрежи. Да бевме први кај чичко Трамп досега требаше да добиеме повеќе опрема, вооружување (барем она што го плативме), но и да добиеме и инвестиции од САД и најважно од се, да бидеме повластена нација со 0% царини. Исчезна Гренел, а и Крис Павловски најголемиот инвеститор го снема.

8.Нема со кого да преговараме во Бугарија

Двојна сказна за лека ноќ и умртвување на граѓаните.

Прво, Македонија не преговара со Бугарија, туку треба да започне да го спроведува таканаречениот Француски предлог или Европската преговарачка рамка, односно да ги стави Бугарите во Устав.

Второ, веќе еднаш кажав дека Бугарија е во таква политичка состојба, поради што од наша полза е што побрзо да ги започнеме преговорите за да немаат што се вели уста да кажат нешто. И тоа се покажа дека сме во право, по масовните протести падна владата на Жељазков и еве ја очигледната шанса Македонија
да не чека, туку да преземе конкретни чекори.

Наспроти тоа, Мицкоски и некои негови папагали, па дури и од академската заедница упорно повторуваат дека нема потреба да се брза. Тоа не брзање, или брзањето е пред се прашање на моментум, за нас како мала земја тоа е геополитичкиот и регионалниот момент кога треба да се реагира. Впрочем, нели и Илинденското востание некои го прогласија за избрзано. Аман, по пет века ропство сме избрзале со востание.

Повторно е до моментумот. Па така и сказната дека нема со кого да преговараме во Бугарија е само обична лага. Прашање е на препознавање на геополитичкиот миг, што е прашање на знаење, образование, реален патриотизам и искрена политичка желба и идеја, или потполна незаинтересираност за Македонија и ориентираност кон сопствените пред се лукративни цели.

9.Поддршка на Украина

Мицкоски постојано повторува дека ја поддржуваме Украина во нејзината одбрана од руската агресија и дека ќе и помогнеме. И на тоа останува. На едноставни флоскули и тапкање по рамо на храбриот украински народ кој се бори за својата, но и за нашата слобода и демократски вредности против Сатрапот од Кремљ. Откако си премиер Христијан, не предложи, а не пак започна, спроведе и реализира барем една иницијатива или пратка за помош на Украина. Немаш практично реализирано ништо, не само оружје, а постојано се нешто ветуваш. Ветуваш на народ кој секојдневно страда и трпи огромни воени напори, народ кој е нападнат и е жртва. Ова веќе има врска и со лични психолошки карактеристики и човечки способности за емпатијата, личен и јавен морал и чувства. Посебно кога големиот Путинов пријател ти е потпретседател во твојата Влада.

10.Доверлив член на НАТО

Токму како и кон Украина, исто се однесуваш и кон НАТО. Настаните и активностите во НАТО и на НАТО ти служат само за ПР сликање и божем дека нешто работиш. Вети опремувањена АРМ и осовременување. Вети и нова Стратегија за одбрана уште минатата година во Август.

Знаеш ли во каква состојба е реално армијата? Каква е состојбата со интендантската опрема (доколку воопшто знаеш што е тоа)? Каква е состојбата со заштитните средства (доколку знаеш што потпаѓа под тоа)? Каква е состојбата со личното и формациското вооружување (доколку можеш да направиш разлика што е што)?

И да не набројувам, затоа што за прашањата за одбраната, одбранбените политики, нашата контрибуција во НАТО и нашите капацитети и способности кои влијаат врз тоа да не проценат колку сме сериозен и доверлив член ќе ми требаат повеќе колумни. А и не сакам да пишувам во јавноста и отворам жива рана на припадниците на Армијата.

11.Реформи на системот за заштита и спасување

А да, тоа беше задача која ти беше приоритетна и со која се пофали одамна пред скоро година и половина и ја довери на Љупчо Димовски другар ти од Социјалистичка и Стојанче – хибриден автомобил. Во нашата ВМРО-ДПМНЕ, според тебе, нема кадар кој е способен соодветно и пред се реално да го реорганизира и среди системот за заштита и спасување. Зима е па нема пожари, а на лето за 6-7 месеци кога пак ќе се разгори Македонија повторно ќе импровизираш со „иновации“, повторно ќе се сликаш за ПР и веројатно ќе обвиниш некого, онака за да кажеш нешто. А да знаеш колку работа има во средувањето на системот за заштита и спасување и тоа работа за повеќе министерства и институции на чело со твојата влада. Ама не знаеш а и не те интересира.

12.Доаѓаат две нови големи инвестиции во следниот месец

Ова го кажа кога две големи инвестиции ја напуштија Македонија оставајќи 1000 луѓе без работа за кои ти Мицкоски кажа дека не е страшно-се случувало. Како тебе не ти се случи такво нешто, да видиш колку не е страшно? Но страшно е што не дојдоа новите инвестиции. За тебе не. Ти имаш пари да купуваш часовници – или да ги добиваш на подарок додека некој нема за егзистенција. Но не е страшно, ќе дојдат нови инвестиции – идниот месец. Ама кој е тоа иден?

13.Трета – четврта економија во Европа

Ами како тоа третата економија во Европа има инфлација преку 20%? Како тоа третата економија нема реален економски раст но има фалсификувани податоци за раст на БНД од 3,5%?

Го има сето тоа во фалбите на Мицкоски но ова се вели „весела математика“. Како тоа во третата
економија во Европа владее сиромаштија и апатија?

14.Цените ќе ги ограничиме и ќе го заштитиме стандардот на граѓаните

Порано, „нема популистички да решаваме проблемот со цените туку системски“. Владата нема да се меша во својата работа. Сега, „нема да ги ограничуваме цените и да интервенираме“. А цените дивеат. Си бил ли ти Христијан некогаш во продавница – во месара на пример да купиш средно квалитетно телешко месо? Тоа е еден просек на квалитет и чини 15 евра за килограм.

Скоро 1000 денари. Не, не, ти јадеш во Влада бејби биф на државен трошок – кога не постиш. Граѓаните купуваат најниска класа мелено месо за 450 денари килограм. Толку од заштитата на стандардот на граѓаните, но и квалитетот на здравјето. Ајде малку симни се од облаци и појди во маркет со 1000 денари (или тоа е 4% од минималната плата) и види што се ќе изнакупиш. Нема да можеш да се однесеш до дома. Па да видиш дали владата не треба да реагира и тоа итно во повеќе правци, доколку знае како и каде.

15.Субвенции и поддршка на земјоделците

Ајде што го компромитира и изгуби ИПАРД, па сега ЕУ ни го блокираше без надеж дека брзо ќе ни ги врати европските субвенции, туку и домашните буџетски субвенции за земјоделието ги намали со новиот „развоен“ буџет за цели 7 милиони евра. Па да не се чудиме што увозот на храна ќе биде зголемен, а истата поскапа. Токму ова има врска со претходната точка. А земјоделците нека му ја мислат – ќе се снајдат, нели. Брееј, жилав народ ова македончето, и „неговите“ не можат да го искорнат, пирејот.
16.Гарантиран откуп на јагнињата и зголемување на сточниот фонд Годинава ги прелажа сточарите и им направи шема да бидат уценети со откупот на јагнињата за да можат некои твој блиски да заработат. Догодина ги чека поголема голгота, И како тоа ќе се зголеми сточниот фонд на државата? Единствено доколку не мислиш тоа да биде по принципот на Краварките (пријателките ти) од Крива Паланка. Ами не можат сите да бидат пашитни говеда или што би рекле Охриѓани – пусто гоедо. Инаку добра ти е таа формула за развој на сточарството, „развојна операција – пусто гоедо“.

17.Дека ќе ја де ДУИ-зираш Македонија

Така кажуваше на избори 2024 и цело време тоа го повторуваше како расипана лента и не јадеше бисквити – барем така велеше. Е да, само што твојот коалиционен партнер ВЛЕН покажа дека е исто ДУИ (ако не и полош – малку маскиран за слепците), само со друго име за да помине приказната. Да беше нешто различно немаше министри од твојата влада да протестираат за обвинети воени злосторници од Косово пред Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг.

Воени злосторници и тоа од друга држава, поддржани од министри од твојата влада (од тебе), заедно со оние од ДУИ од кои не спасуваше и се уште не спасуваш. Ова се нарекува дијагноза – ШИЗОФРЕНИЈА. Само дали твоја, дали на нашите сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ кои ти веруваат или колективна на сите македонски граѓани кои молчат. Патем, едниот твој коалиционен партнер – ВЛЕН, од истиот митинг им вели на Србите и Србија „тиииит“, а другиот твој партнер од ДПС во Македонија седи со нив во твојата влада како потпретседател на Владата. Тотална ШИЗОФРЕНИЈА.

18.Најдемократската партија во регионот – ВМРО-ДПМНЕ

Да, да, најдемократска во која по трет пат ти се самоизбираш за претседател, при што задоволство е да се констатира „дека само ти си единствен кандидат“. И уште најавуваш дека ти ќе го браниш Статутот на ВМРО-ДПМНЕ. Види чудо, да не пукнеш, ме изнасмеа. Ние од 2022 година ти зборуваме дека треба да го смениш Статутот за да ја демократизираш ВМРО-ДПМНЕ за да опстане партијата, а тебе сега ти текна и тоа јавно да го кажеш. Види ербап. Веројатно го чекаше моментумот, а?

Да не должам со набројувањето, пред се затоа што листата е предолга и нема крај. Да завршам со зборовите на една од мајките на настраданите деца во трагедијата во Кочани. Онаа де трагедија поради која ти ќе ги вадеше за уши. Онаа трагедија во која доколку ти дадеа еден доказ дека се познаваш со некого од агенцијата Рубикон ќе си поднесеш оставка. Онаа агенција Рубикон чии скриен сопственик е колегата Александар Нацев. Оној Нацев кого не го знаеш-познаваш, со кого имаш куп сликички но не го знаеше дури и додека беше потпретседател на ОК Пробиштип и претседател на Комисија за безбедност и одбрана на ВМРО-ДПМНЕ на централно ниво. Ова се вели „се правиш на будала“ или си само циничен и во фаца ни се потсмеваш, што би рекол ти „на јавна сцена“.

И како што кажа кочанската мајка, со целата нејзина исконска и искрена болка по своето чедо (не онаа актерската од говорница на другарка ти Иванка): „Премиере, ти цинично ми се смееш“.

Се потсмеваш ти Христијан на целата нација. Тоа е твојот вистински психопатолошки профил на цинизам и омраза кон македонскиот народ кого го сметаш за глупав и прост!

Прикривање на неспособноста за раководење на државата низ користење на флоскули, празни фрази, лажни прикази и ветувања, возгордеаност и ништење на сите македонски вредности.

Колку вреди твојот збор Христијан?

Текстот е личен став на Авторот

Share40Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Битни се парите, а не судијата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ