• Latest
ВО ЛАДОВИНАТА НА ПАРКОТ Некои новинари ова го нарекуваат пензионерски бунт

Костовски: Пензионерите молчеа кога груевизмот ги манипулираше, а сега „свират“ под диригентската палка на партиските улични емисари, токму кога системот – функционира!

August 15, 2023

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Костовски: Пензионерите молчеа кога груевизмот ги манипулираше, а сега „свират“ под диригентската палка на партиските улични емисари, токму кога системот – функционира!

August 15, 2023 12:16
in КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
ВО ЛАДОВИНАТА НА ПАРКОТ Некои новинари ова го нарекуваат пензионерски бунт

ВО ЛАДОВИНАТА НА ПАРКОТ Некои новинари ова го нарекуваат пензионерски бунт

Share on FacebookShare on Twitter

Пензионерите како гости на сите наши информативни емисии на обединетите телевизии на опозицијата, сигурно имаат форми на амнезија, пишува Љубомир Костовски во анализата за ЦИВИЛ Медиа, под наслов „Пензиите како политичка вијагра на груевизмот“.

Не помнат како се формирани оценувањата на нивниот минат труд во време на нивната најефективна продуктивност (по нивните годишта е сосема јасно кога било тоа). Молчат за тоа дека купувањата на гласови за време на системот што падна – не им го подобри животот.

Молчеа и кога екипата на Славески ја укина хранарината и патарината, за да влезат како зголемување на платите, но затоа реагираат сега, под диригентската палка на партиските улични емисари диригентската палка на партиските улични емисари, токму кога системот на актуелната власт во оваа област – профункционира.

Извиците од типот „сите имаме право на еднакви пензии“ (да ги преведеме тие неартикулирани улични настапи во една унифицирана парола) дури и завршува со еден јасен заклучок во дебатите на малите екрани – оваа власт не може да го реши проблемот на пензискиот систем, да одиме веднаш на брзи парламентарни избори!

Борбата со инфлацијата во исклучително тежок момент оди добро, платите растат побрзо од скокот на цените, а пензијата е пред редовно, уште едно усогласување во септември. Бидејќи акциите против „енормниот скок на струјата“ пропадна како редовна бунтовничка активност на теренот две години по ред, организирани од страна на опозицијата, се одеше на епизодата – храната е скапа.

Сите ТВ медиуми имаат дневни известувачи од пазарите (нарушен е „монополот“ на ТВ 24 кога се работи за Зеленото пазарче во Скопје), но претурањето на тезгите со бостанот не дава опипливи резултати. Следната епизода е можеби за тоа дека храната не е така скапа, ама доста чини – здравата храна! Тука, како посебно да е агилна МТВ.

Целата анализа на Костовски прочитајте ја ТУКА.

Tags: груевизамманипулациипензионери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ